Сте виделе ли досега ваква мешавина?

Ова пакетче со 15 видови грав, леќа и сув грашок, кое стаса од сојузната американска држава Луизијана, е едно од оние кои изгледаат толку привлечно што едноставно не можете да им одолеете.

0
276

Дали некогаш сте виделе попривлечна мешавина од мешунки?

Ова пакетче кое тука стаса од сојузната американска држава Луизијана всушност таму била специфична храна, и таму ја јаделе речиси исто толку често како ние нашето тавче гравче.

Па така, додека во Лузијана хараат бури и урагани, кои можеби ќе го сменат ‘личниот опис’ на градот, навиките на жителите од оваа држава не се менуваат. Речиси секој ден за ручек си ја приготвуваат оваа мешавина од 15 видови грав, леќа и сув грашок.

Се вари сѐ заедно, а вкусот е величенствен, макар што малку не ми е јасна комбинацијата. Велат дека најчесто го јаделе со различни прилози, а најчесто со ориз. Грав, ориз, леќа, грашок и ориз?!