Сте пиеле ли некогаш чај во чаршија?

Ако никогаш не сте биле во некоја од чајџилниците во турската чаршија, еве неколку причини зошто конечно треба да го направите тоа - црниот чај е добар за имунитетот, го спречува дијабетесот, го намалува стресот, ризикот од срцев удар...

0
268

Ако сте припадник на генерациите кои на времето излегуваа во скопската турска чаршија, сигурно сте пробале од оној силен црн чај (додуша, кога ќе се свари неговата боја е црвеникава и се служи во мали стаклени чашки) кој се служи во чајџилниците. Но ако никогаш досега не сте го пробале, еве неколку добри причини да го направите тоа.

Често се слушаат придобивките од зелениот чај, но и црниот чај има свои адути. Покрај тоа што го намалува ризикот од срцев удар, го намалува и ризикот од дијабетес.

Консумирањето црн чај може да помогне во работата на срцето, но и да го намали ризикот од мозочен удар и други болести, особено ако пиете неколку чаши на ден. Истражувањата покажуваат дека оние кои пијат околу три или повеќе шолји црн чај на ден, можат да го намалат ризикот од мозочен удар до 21 процент. Можете наизменично да пиете зелен и црн чај во текот на седум дена, за да можете да имате различен вкус секој ден, пишува Lifehack.

Она што малку луѓе го знаат е дека црниот чај може да ви помогне и во сузбивање на непријатниот мирис на стапалата. Ги елиминира сите бактерии што предизвикуваат непријатна миризба на вашите нозе, а исто така може да ги затвори порите, така што ќе се потите помалку, што исто така ќе го минимизира мирисот. За да го користите овој домашен лек, сварете две кесички чај во еден литар вода околу 15 минути. Потоа отстранете ги кесичките и разредете го чајот со две четвртини вода. Оставете растворот да се излади малку пред да ги натопите стапалата 15 минути до половина час. Треба да го правите ова секој ден додека не исчезне мирисот.

Едно истражување покажало дека постарите луѓе на медитеранските острови имаат многу мал ризик од развој на дијабетес поради постојаното консумирање на црн чај. Тие често пиеле шолјичка или две од овој чај дневно, а се покажало дека е ефикасен во спречување на дијабетес тип 2.

Црниот чај ви помага и во зајакнување на имунитетот бидејќи има голем капацитет на радикална апсорпција на кислород. Консумирајте умерена количина на овој чај дневно, тоа ќе ви помогне да го намалите стресот, советуваат експертите.

Фото: Pixabey