Тиква со слатко од капини и кафе за убав почеток на денот

Ако сакате да јадете тикви, ова е вистинското време, ги има во изобилие. Па дури и ако не ви се погоди доволно слатка, секогаш можете да додадете 1-2 лажички слатко, слатко од капини, може?

0
181

Освен својот бренд, мармаладот од шипка, госпоѓа Мирјана и господин Бранко Ангелески, прават и превкусно слатко од капини.

Всушност, во Слепче, кадешто се наоѓа нивниот мал, приватен рај, тие освен мармалад од шипки, прават и слатко од капини, мармалад и сок од дренки, коктел од капини и дренки, сок од глог, и слатко и луто, односно, луто слатко.

И шипките, и капините и сите други сировини од кои тие прават најубави слатка, мармалади и сокови, се од стопроцентно чиста, еколошка средина.

Годинава за првпат го пробавме нивното слатко од капини, цели капини, цврсти и нераспаднати, како тукушто набрани и потопени во слаткиот сируп. И ја најдовме омилената комбинација, со печена тиква. И се разбира, со првото утринско кафе. Зошто да не, и тоа е појадок, нели?