Топло-ладно во домашни услови

Единствен проблем е што треба да се јаде веднаш и 'мора' да се изеде сѐ. Џанам, немало да чинат малку подоцна ...Затоа ви советуваме да не претерувате, по едно е сосема доволно. Ние изедовме по две...Страшно!

0
240

Ако мислевте дека е многу комплицирано, воопшто не е. Всушност, може да се каже дека е еден од наједноставните десерти на сите времиња и најдобро од сѐ е што се прави многу брзо. Ви требаат само 15-20 минути, и тоа заедно со печењето.

Состојки:

5 јајца

200 г чоколадо за готвење

3 лажици шеќер

70 г путер

100 г брашно

Се разбира, за да си го оправда името, колачот треба да го сервирате со сладолед од ванила.

Приготвување:

Во еден сад ставете ги чоколадото и путерот да се растопат на тивок оган и постојано мешајте додека смесата не се соедини. Тргнете  ја смесата од оган и оставете да се излади. Во друг сад изматете ги пенесто јајцата и шеќерот. Смесата со чоколадото додајте ја кај јајцата. Сите состојки помешајте ги со жица за матење, откако ќе се соединат додавајте го постепено и брашното.

Треба да добиете густа чоко­ладна смеса. Намачкајте ги кала­пите со путер и поросете ги со брашно па ставајте од смесата иста количина во сите 8 калапи. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 С од 7-10 минути. Не заборавајте дека внатрешноста треба да остане течна.

Послужете ги додека се топли со сладолед.