Топчиња со какао

0
159

Состојки:

100 г индиски ореви
50 г овесни снегулки
3 лажици сируп од агава или друг течен засладувач
прстофат сол
1 гранче ванила или ванилин шеќер
3 лажици зрна какао
1 лажица вода

Приготвување:

1. Индиските ореви и овесните снегулки изблендирајте ги ситно.
2. Додадете ги сирупот, ванилата, солта и водата и повторно кратко изблендирајте.
3. Ставете го тестото во длабок сад, додадете ги зрната од какао и со рака обликувајте топчиња.