Топ мезе за долгите летни ноќи

Вкусни крекери со Битолски путер, однадвор крцкави, а одвнатре меки.

0
148

Вкусни крекери со битолски путер, однадвор крцкави, а одвнатре меки. Ова се вистинските зборови за тоа како треба да бидат направени најдобрите домашни крекери. Нашиот денешен предлог за топ мезе за долгите летни ноќи се неодоливи крекери од само три состојки. Се приготвуваат брзо и лесно, а верувајте дека нема да погрешите доколку со нив ги изненадите вашите домашни, пријателите или колегите.

Кремастиот вкус на битолски путер совршено се вклопува во овој рецепт, поради тоа што содржи свежо млеко и му дава неодолив и богат млечен вкус. За торти или колачи, за солени печива или приготвување на месо, Битолскиот путер е основата на сите добри јадења.

Состојки:

300 г сирење
250 г путер @bimilk.mk
300-350 г брашно

За премачкување: 1 јајце и семиња.

Приготвување:

Со миксер изматете го путерот кој треба да биде на собна температура па додадете го издробеното сирење и матете кратко. Постепено додавајте го брашното па продолжете да мешате со раце додавајќи брашно се додека не добиете меко тесто. Тестото завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер околу 30 минути. На набрашнета површина расукајте кора со дебелина од околу 1 цм и со помош на модла обликувајте крекери. Ставете ги на хартија за печење, намачкајте ги со јајце и наросете ги со семиња. Печете на температура од 200 степени околу 20 минути.

Фото: Инстаграм (radishas_kitchen_diaries)