Торта со костени и чоколадо

Во рецептот за оваа торта користат некое купечко костен пире, ама ние наместо тоа, направивме свое. Патем, токму овој дел ни одзеде и најмногу време, ама се исплатеше

0
190

Ние преферираме здрави рецепти, ама понекогаш добиваме критики дека нашите слатки не се баш слатки затоа што избегнуваме да ставаме во нив шеќер, па често го заменуваме со некое суво овошје, мед, рогач, или во најлош случај, со домашен мармалад.

Овојпат, решивме да не кратиме од шеќерот и се тешевме дека барем костените се здрави. А со нив можностите се бесконечни и ако и вие, како нас, сте љубители на ова најпознато есенско овошје, сигурно ќе ви се допадне овој едноставен рецепт за торта од костен и чоколадо.

И што е најдобро, за да ја направите оваа торта не мора да ја вклучувате рерната. Најмногу време ќе ви треба за да го направите пирето од костени. Знаеме дека има и готови, ама идејата беше тортата да биде комплетно домашна.

Треба само добро да се олади па затоа е најдобро да се направи од вечер.

Состојки за бисквитот:

150 г путер на собна температура

100 г шеќер

400 г мелени бисквити по ваш избор

100 г мелени ореви

120 г стопено темно чоколадо (ние користевме чоколадо со 70% какао)

1 лажица екстракт од рум

100 милилитри млеко

Состојки за филот:

100 г путер на собна температура

120 г шеќер во прав

500 г пире од костени (ако ставате купечко, веројатно во себе ќе содржи и шеќер, па во тој случај нема потреба од оваа количина. Пробајте го, па ставете по вкус).

2 лажици екстракт од рум

Состојки за прелив:

200 милилитри изматена слатка павлака

2 рамни лажици шеќер

Најгоре поросете ја тортата со рендано чоколадо.

Целиот процес на подготовка на оваа вкусна торта е прикажан во ова видео!