Трик со кој ќе го омекнете незрелото авокадо за 10 минути

Цврстината на авокадото е јасен знак дека плодот не созреал. Ако сонувате за вкусен намаз од авокадо, а немате при рака добро парче авокадо, ситуацијата сепак може да се спаси со неколку кујнски трикови.

0
249

Најдобар вкус даваат зрелите и свежи намирници. Но, понекогаш е тешко да ѝ се одолее на желбата за одредени јадења, иако ги немате сите состојки при рака. Премногу тврдо и незрело парче авокадо, на пример, може да се омекне со помош на рерната.

Што ви треба?

Хартија за печење, малку алуминиумска фолија и тврдо авокадо.

Што треба да се направи?

Авокадото завиткајте го во алуминиумска фолија, па ставете го на плех за печење во загреана рерна на 100 степени Целзиусови и оставете го полека да се загрее додека не омекне. Во зависност од тврдоста на плодот, за тоа ќе ви требаат околу десет минути или повеќе.

Кога авокадото ќе омекне, извадете го од рерна и оставете го да се излади пред да го употребите за некое фино јадење.

Зошто функционира овој трик?

За дозревање на авокадото е заслужен етиленскиот гас, кој во природата се ослободува полека. Во алуминиумска фолија и под мала температура на рерната, овој процес се забрзува и се омекнува овој плод полн со протеини.

Што друго можете да направите?

Може да се обидете и со трикот со микробранова печка. Преполовете го авокадото и извадете ја семката, а потоа завиткајте ја секоја половина во фолија безбедна за микробранова печка. Печете две минути и оставете го авокадото кратко да се излади. Потоа, без да го одвиткувате, прелијте го со млаз ладна вода.

Фото: Pexels