Убавици завиткани во блитва

Свиткајте си сармички во листови од блитва, наредете ги во тенџере и следниот ден, имате ручек готов за еден час. Наместо ориз, во меленото месо додадете пченица и ќе добиете комплетно ново доживување

0
287

Кој вели дека сармите мора да бидат постојано со ист состав. Освен однадвор, можете да ги направите во поинаква варијанта и одвнатре.

Наместо вообичаената комбинација од мелено месо и ориз, направете една нова, поинаква и повозбудлива комбинација од мелено месо и пченица. Додадете и кромид пропржен заедно со исечканите дршки од блитва, зачини и сушени домати во масло, се разбира, заедно со маслото.

Завиткајте ги во листови од блитва, наредете ги во тенџере и следниот ден само ставете вода и варете ги околу 1 час.

Ви требаат:

400 г мелено месо

1 шолја пченица

1 кромид

1/2 тегличка сушени домати во масло, зачини по вкус

3 китки блитва