Ударна доза ѓумбир за имунитет

Овој напиток од ѓумбир и куркума за секој ден во неделата е најдобра превенција и одбрана од вирусите

0
1407

Знаеме дека ѓумбирот и куркумата се многу здрави, а ако од нив направите напиток според овој рецепт, и го пиете секој ден во неделата, вашиот имунитет ќе биде подготвен за борба со вирусите.

Состојки:

1 корен од ѓумбир (5-6 цм)
5-6 тркалца свежа куркума
2 големи лимони
2 портокали
црн пипер на врвот од ножот
луто пиперче на врвот од ножот

Приготвување:

Излупете ги лимоните и портокалите. Добро измијте ги ѓумбирот и куркумата, и ако корате ви пречи, излупете ги.

Исечкајте ги и ставете сè во блендер. Мешајте околу една минута додека не стане пенливо.

Додадете ги зачините, кратко промешајте и префрлете го напитокот во бокал или дел од него префрлете во калапите за мраз и замрзнете ги.

Земајте по една мала чаша секој ден, по можност наутро.

Напомена: Свежата куркума можете да ја замените со куркума во прав.

Фото: Pixabey