Уживајте, сега е време за најубавите црвени ајварки

Пиперките се користат во кујните ширум светот веќе долго време и би било тешко да се наведат сите јадења во кои ги има, а исто е и со нивните лековити својства. Сепак, ако бираме мис на пиперките, ние би гласале за црвените плус сајз убавици

0
128

Пиперките ги имаме во различни бои и облици, но кај нас се најзастапени обичните зелени тенки пиперки и црвените ајварки. Инаку, сите тие, зависно од бојата, содржат различни видови на фитохемикалии неопходни за здраво функционирање на организмот. Голем број на фитохемикалии во пиперките имаат антиоксидантни својства, па затоа можат да ги спречат или намалат симптомите на одредени болести. Покрај тоа, тие можат да бидат со различен вкус, така што некои се благи и слатки, а други лути. Важно е да се знае дека без оглед на нивниот вкус, пиперките се многу хранливи и спаѓаат во зеленчуци најбогати со витамини Ц и А. Тие имаат мала енергетска вредност, затоа се одлични за диета, особено затоа што се богати со минерали, а најмногу со калиум.

Црвените пиперки се особено богати со фитохемикалии и се добар извор на витамин К, минерали манган и молибден.

Благодарение на витаминот А, тие се корисни за зачувување на видот и против разни видови на инфекции.
Витаминот Ц во нив го зголемува имунитетот и го намалува ризикот од рак, а витаминот Б6 е од витално значење за човечкото тело, го храни нервниот систем и го подобрува имунитетот.
Познато е дека бета-каротенот што се наоѓа во црвената пиперка штити од одредени видови на рак, како што е ракот на дојката.
Ликопенот во црвената пиперка може да го намали ризикот од рак на јајниците, а овој зеленчук има и антидепресивно, антисептично дејство, го отвора апетитот, го стимулира варењето, позитивно делува на бубрезите и на цревата.

И конечно, како и многу други зеленчуци, сепак е најдобро, барем додека им е сезоната, да се јадат свежи, со цел најдобро да се искористат витамините (особено витаминот Ц).

А потоа, се знае, ќе ги потпечеме и ќе ги спакуваме во замрзнувач или, во најнездравата, а највкусна варијанта – ајвар.