Употребете ги костените во главниот оброк

И во слатки и во солени рецепти - костените се секогаш додаток што ја претвора храната во магија!

0
232

Најдовме два одлични рецепти за главно јадење во кое се ‘спакувани’ и костени. Па ако сте љубители на овие есенски плодови, задолжително испробајте ги.

Брокули со брокули и костени

За ова вкусно и здраво јадење потребни ви се 500 гр брокула, половина главица сечкан кромид, 2 јајца, 150 гр презли, 150 гр исчистени варени или печени костени, малку маслиново масло, сол и црн пипер по вкус.

Кромидот пропржете го на малку маслиново масло, па оставете го да се излади. Изматете две јајца со вилушка и измешајте ги со исечкани брокули, презли и пире од костени. Додадете сол и црн пипер по вкус, обликувајте плескавици и испржете ги во малку маслиново масло, околу 5 минути од двете страни.

Рижото со костени и тиква

Загрејте малку маслиново масло во голема тава и испржете го исечканиот кромид и 1 чешне сечкан лук. Додадете 300 гр сечкана тиква, лажичка жалфија и 400 гр ориз и варете две минути.

Во смесата со ориз додадете еден литар супа од зеленчук, варете 1-2 минути, па додадете 100 гр варени, сечкани костени и варете уште 5 минути, или додека оризот да омекне, а супата да испари. Стопете 100 гр путер и додадете во смесата, измешајте добро и послужете. Одозгора поросете со сечкан, свеж магдонос и рендан кашкавал.

Фото: Unsplash