Утрински еликсир, еден од најдобрите рецепти за вашето здравје

Додавањето на овој моќен утрински напиток во вашата исхрана е една од најдобрите работи кои можете да ги направите за своето долгорочно здравје

0
521

Ги знаеме сите придобивки од консумирањето на куркумата која е позната како силен антиоксиданс кој се бори со канцерогените слободни радикали, а исто така е и антисептик и има природно противвоспалително дејство

Куркумата е неизбежна во индиската кујна, но ако не јадете индиска храна секој ден, како да ја воведете во својата исхрана? Едноставно! Зачинете ја својата топла лимонада со куркума. Секако, не е лошо да додадете и прстофат цимет кој има противвоспалителни својства и може да го стабилизира нивото на шеќер во крвта (што значи дека ќе јадете помалку, а подолго ќе се чувствувате сити).

Состојки:

1 шолја топла вода, а можете да користите и шолја топло млеко по ваш избор, но во тој случај, изоставете го лимонот
¼ лажичка куркума

Сок од пола лимон (доколку ја одбравте верзијата со топла вода)

Прстофат цимет

1/8 лажичка мед

1 лажичка кокосово масло

Приготвување:

Откако ќе ја загреете водаа, додадете куркума, сок од лимон и мед, лажика кокосово масло и добро измешајте. Куркумата ќе паѓа на дното од чашата, такашто додека пиете треба да ја мешате водата и да ги искористите сите предности на куркумата. Погрижете се да ја испиете додека е уште топла.

Фото: Pixabey