Утрински напиток за имунитет и зајакнување на организмот

Оваа мешавина од овошје и зеленчук може да ви го замени појадокот и да ви ги зајакне организмот и имунитетот.

0
518

Состојки:

1 морков
1 банана
1 мандарина
парче ѓумбир
сок од 1 портокал
сок од 1/2 лимон
куркума на врв од ножот

цимет по вкус
јогурт
мраз (по желба)

Приготвување:

Излупете ги зеленчукот и овошјето, исечете ги на мали коцкички, ставете сè во блендер и добро измешајте.

Разредете го со јогурт по вкус, и ако сакате поладни пијалоци, додадете коцка мраз.

Фото: Pexels