Уште еден одличен начин да ја искористите пулпата од цвеклото и морковите

Нашите пријатели од „Ситно сецкано“ кои секогаш имаат интересни и вкусни рецепти и одлични идеи, споија нешто практично и вкусно и направија крцкави вегетаријански бургери

0
195

Овие вегетаријански бургери со леќа, моркови и цвекло се уште еден вкусен начин да се искористи пулпата која останува по цедењето сок, ама ако немате соковник, во бургерите можете да ставите и рендани цвекло и морков.

Состојки:

1 – 1 ¼ шоља моркови и цвекло од соковник

1 шоља сварена леќа (кафена), исцедена од течноста

⅓ шоља сончоглед

⅓ шоља ситно сечкан кромид

1 – 2 лукчиња, истолчени или ситно исецкани

20-тина мали ливчиња рукола

свеж босилок

свеж магдонос

сол, бибер

½ лажиче црвен пипер

1 лажиче куркума

½ лажиче мелен коријандер

1 лажица масло од сусам

Приготвување:

Испасирајте ја малку леќата. Проверете да не има парчиња моркови или цвекло во она што останува кога ќе ги исцедите за сок и крупните отстранете ги.

Помешајте ги сите состојки со вилушка или со рака. обликувајте ја смесата во плескавици, наредете ги на голема чинија и ставете ги во фрижидер барем половина час.

Загрејте ја рерната на 200°C и печете ги плескавиците околу 20-30 минути.

Одлично одат со лут чили сос срирача и сирење.

Фотографијата и рецептот се од ТУКА.