ПОЧЕТНА ХРАНАТА ЛЕК Уште една ‘вакцина’ против ковид-19 од која нема штета

Уште една ‘вакцина’ против ковид-19 од која нема штета

Најголемата вистина кога станува збор за причините, лекувањето, превенцијата, вакцините и за последиците од ковид-19 е најблиску до онаа сократовата - Знам дека ништо не знам. Но се додека 'револуционерните лекови' против овој опасен вирус не нанесуваат штета, не гледаме зошто да не ги испробаме. Што мислите вие, да пробаме со лукова вода?

0
712

Со оглед на секојдневното зголемување на бројот на новозаболени и големиот  број на смртни случаи, не е чудно што постојано се појавуваат најразлични таканаречени ‘револуционерни лекови’ против ковид, но се додека станува збор за храна како лек, кој и ако не може да помогне, не може ни да ни наштети, ние ќе ги споделуваме со вас.

Постојат различни видови на природни лекови со антибактериски својства. Прв на листата во својата ефикасност е лукот. Во прилог ви нудиме лек од лук, кој, наводно, може да го заштити вашето тело од опасниот вирус и да го зајакне имунитетот, па дури и, според некои, со помош на лукот се создава природна вакцина во човечкото тело и се формира специфичен имунитет против ковид 19.

Е сега, иако не станува збор за, ако што ја нарекуваат ‘вакцина против ковид-19’, не можеме да демантираме дека лукот е здрава намирница која има антимикробни својства. Не постои доказ од тековните анализи дека јадењето лук ги заштитува луѓето од новиот коронавирус, но нема ни да ви штети.

Затоа, исчистете едно чешне лук и пресечете го надолжно, ставете го во вода, покријте го и оставете го да стои на собна температура 24 часа. Потоа испијте ја водата и повторувајте ја оваа постапка барем седум пати во текот на еден месец. Најдобро би било напивката да ја пиете просечно двапати неделно.

Луковата вода ќе го зајакне вашиот имунолошки систем, ќе ви го прочисти организмот од токсините и ќе дејствува превентивно на низа заболувања. Ама не е вакцина, затоа, продолжете да се чувате себеси и другите.

Фото: Pixabay