Уште една слатка мистерија: Шеќерот може да биде и корисен?

Хуманитарната организација ХОА-Ангелчиња заедно со овогодишната општина домаќин-општина Бутел и градот Скопје и годинава ќе им овозможи на граѓаните да уживаат во креативните торти изработени од аматери и професионалци слаткари. Средствата од лицитацијата на тортите ќе бидат наменети за дваесетиедногодишниот  Филип Коненовски, заболен од церебрална парализа. Во овој случај, шеќерот е корисен, нели?

0
408

Во петок, на 6.март во ресторанот „Аликас“ во Општина Бутел, традиционално, по четиринаесетти пат, ќе се одржи локалната тортијада „Слатка мистерија 2020“.
Предлагачот на манифестацијата Хуманитарната организација „ХОА-Ангелчиња“, заедно со овогодишната општина домаќин-Општина Бутел и градот Скопје и оваа година ќе им овозможат на граѓаните да уживаат во изложените креативни торти изработени од аматери и професионалци слаткари.

Средствата собрани од лицитацијата на тортите ќе бидат наменети за дваесетиедногодишниот  Филип Коненовски заболен од церебрална парализа.

На манифестацијата ќе учествуваат 40-тина учесници од седум општини во град Скопје.
Организациски, манифестацијата ќе биде поделена во два дела:
Ревијалниот дел ќе трае од 16 до 19 часот и влезот ќе биде слободен. Граѓаните ќе можат да ги разгледаат изложените торти и да гласаат за најдобрата, но и да уживаат во прекрасните изведби на неколку културно-уметнички друштва, како и во прекрасната музика. Истовремено, учениците од  основните училишта од општина Илинден со помош на својата имагинација ќе декорираат  торти.
Официјалниот дел од манифестацијата почнува во 20 часот и на него ќе може да присуствуваат само оние кои имаат набавено билети. Шестмината првонаградени од двете категории ќе бидат претставници на интернационалната тортијада што ќе се одржи во октомври оваа година, а домаќин е град Скопје.