Уште неколку трикови за продолжување на рокот на храната

Еве уште неколку совети како правилно да ја чувате храната! Ништо комплицирано, а едноставно и ефикасно

0
167

Ако сте ги купиле овие намирници во рамките на вашиот корона шопинг, еве уште некои совети за тоа како успешно да ги зачувате и да им го продолжите животниот век.

Леб

Сите производи од брашно и вода ќе останат свежи подолго ако ги чувате во пластична кеса во која ќе ставите стебленце од целер. Лебото можете исто така да го чувате и во ленена или памучна крпа.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови тостирајте ги веднаш штом ќе ги купите, а потоа ставете ги во стаклен сад и чувајте ги на темно место.

Ѓумбир

Свежиот корен ѓумбир чувајте го во замрзнувач, полесно ќе го рендате и лупите, а и подолго ќе ви трае.

Целер и брокула

Целерот и брокулата прекријте ги со алуминиумска фолија и чувајте ги во фрижидер. Така ќе останат свежи и повеќе од четири недели.

Кромид (млад, црвен, бел) и лук

Ако го чувате кромидот во шпајз, ќе трае осум месеци. Не го чувајте заедно со компирите, побрзон ќе се расипат. Чувајте го со јаболка, ова ќе му помогне да остане подолго свеж.

Печурки (сите видови)

Секогаш чувајте ги печурките во хартиени кеси во фрижидер. Пластичните кеси ќе создадат влага и ќе ги расипат печурките.

Магдонос, босилек и кориандер

Свежите магдонос, босилек и кориандер чувајте ги како тукушто набрано цвеќе. Ставете ги во вода, покријте ги со пластична кесичка и ставете ги во фрижидер.

Зелена салата

Зелената салата увајте ја такашто ќе ја одвоите на листови, ќе ги ставите во сад, потоа на него ќе ставите кујнска крпа и ќе ја покриете со пластична фолија. Кујнската крпа ќе ја впие влагата, а салатата ќе остане свежа.

Банани

Бананите секогаш купувајте ги така како што се споени без да ги одвојувате една по една. Чувајте ги на собна температура, но со пластична фолија обложете го стебленцето, за да траат неколку дена подолго.

Зачински билки

Зачинските билки замрзнете ги во маслиново масло. Билките ќе го впијат маслиновото масло со замрзнувањето. А коцките маслиново масло се многу практични и при готвењето можете само да ги уфрлите во јадењето. Одлично функционира со рузмарин, жалфија, мајчина душица и оригано.

Фото: Pexels