Феноменален зимски тоник за зајакнување на имунитетот

Доколку сметате дека треба да го зајакнете имунитетот пред зимата и да се ослободите од воспаленијата, задолжително направете го овој феноменален тоник кој ќе ви помогне во тоа.

0
467

Рецептот за овој тоник го најдовме на блогот Herbalpepper.

Потребни состојки:

1/3 чаша јаболков оцет
1/3 чаша сок од лимон
1 кафена лажичка каенски пипер
1 лажичка мелен ѓумбир
½ лажички мелена куркума
Прстофат мелен црн пипер
1/3 чаша мед

Приготвување:

Истурете сок од лимон, оцет и зачини во тегла, а потоа додадете мед за да добиете 2 децилитри течност. Промешајте добро и чувајте го во фрижидер.

Во фрижидер, тоникот може да стои до неколку недели, и измешајте го секој пат пред употреба.

Ако сте настинати и имате потешкотии со дишењето, земете една лажица тоник на секои 15 минути, потоа на секој половина час, па на секој час. Зачинот од каенски пипер ќе ги исчисти синусите и ќе ги отстрани блокадите, ѓумбирот е многу силно антиинфламаторно средство, а сокот од лимон ќе ви обезбеди витамин Ц.

Фото: Pixabay