Ферментираната храна се враќа во мода на голема врата

Ако мислите дека нема ништо подобро од салатата со кисела зелка од кацата на баба ви, пробајте го овој рецепт за кимчи и целосно ќе го смените мислењето.

0
693

Кимчи е корејско јадење направено од ферментирана зелка, кромид, лук, сос од риба и зачини веќе е популарно кај луѓето кои се грижат за здравјето и ги знаат неговите пробиотски карактеристики.

За да го направите дома во треба само чист сад, свеж зеленчук, вода и малку сол, а резултат ќе биде функционална храна каква што приготвуваме веќе со илјадници години.

Состојки:

Главица кинеска зелка

1 морков

1 дајкон

китка млад кромид

Нејодирана сол (розева химелајска сол)

60 г корејски чили прав (gochugaru, може да се замени и со класично чили)

пола лажичка ѓумбир во прав

1 лажица лук во прав
1 лажица рибји сос

1 лажица тостиран сусам
1,5
лажица кафеав шеќер

стерилизирана тегла од 2 литри

газа, ластиче

Приготвување:

Исечете ја зелката по должина на четвртини, користете нож за да го отстраните тврдиот дел на дното на листот и добро исплакнете сè. Ставете ја зелката во длабок сад во кој сте стопиле малку нејодирана сол.

Посипете сол на сите лисја и оставете зелка да отстои неколку часа или преку ноќ. Важно е редовно да се врти во сад со стискање на лисјата за да пушти вода и да омекне.

Кога сте задоволни со нејзината текстура, измијте ги листовите од зелка во ладна вода неколку пати за да ја отстраните преостанатата сол и исцедете ја. Излупете ги дајконот и морковот, измијте го младиот кромид, а потоа исечете ги на тенки стапчиња и ставете ги во садот со зелка.

Во посебен сад, измешајте ги чилито во прав, ѓумбирот и лукот, рибјиот сос, сусамот и кафеавиот шеќер. Истурете ја смесата врз лисјата од зелка и добро измешајте ја содржината на садот за да го покриете со зачините и другиот зеленчук.

Ставете го зеленчукот во теглата. Згмечете го добро во теглата и оставете го да отстои отворено на собна температура еден или два дена, покриен само со газа прикачена со ластиче. После два дена, кимчито веќе може да се јаде, а колку подолго ќе стои и ќе ферментира, толку ќе биде покисело, помеко и повкусно.

Фото: (credit, Marko Miščević)