Фрлете ги изгребаните пластични садови и тефлонски тави!

Кога станува збор за готвење, најбезбедни се садовите од огноотпорно стакло и од керамика, за чување е безбедна само пластиката со ознаката BPA FREE, а чиниите и шолјите од кои јадеме и пиеме е најдобро да се од керамика или од порцелан.

0
1300

Многу работи иако ни се веќе познати како штетни, упорно ги правиме. На пример, повторна употреба на пластичните шишиња и кутиите од сладолед, оштетените пластични и тефлонски садови и слично.

Д-р Љубинка Рајаковиќ, професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград, објаснува кои садови треба веднаш да ги фрлиме ако се оштетени, во што е најдобро да се готви храната и во што е најдобро да се чува во фрижидерот.

Огноотпорното стакло се најздравите садови за готвење, бидејќи стаклото не испушта штетни материи, она што е незгодно е тоа што не поднесува температурни шокови, односно големи промени на температурата.

Следниот после него е керамиката од природна глина, односно, земјените садови. Исто така се чувствителни на температурните шокови и мора, на пример, да се става во умерена температура, да не се мие во машина, открива д-р Рајаковиќ.

Садови за готвење од емајл се стаклена маса која е затоплена и е многу погодна за готвење, здрава е, цврста, може да се мие во машина, само не смее да се употребува во микробранова печка. Може да се препорача за секоја храна. Ако се појави какво било оштетување, главно се лупи заштитниот слој па се појавуваат црни дамки и веднаш мора да го фрлите. Без оглед колку го сакате овој сад и колку ви е згоден, мора да го сторите тоа. Емајлот е заштитна обвивка и колку повеќе слоеви има, толку подобар е садот за готвење. Ако ги извадите тие слоеви, доаѓате до метал, железо, а тоа никако не ви треба во организмот на овој начин, додава таа.

Следната група се садови од инокс, тое е елегантен и брзо ја спроведува топлината, има дебело дно што значи дека нема загорување. Кога користиме ваков прибор, сакаме да ја спречиме или намалиме емисијата на тешки материјали – олово, хром, никел, бакар, кадмиум, итн. Од наведените материјали има од сѐ по малку во садовите од инокс.

Она што е важно е да го ставиме садот на ладна рингла и постепено да ја зголемуваме температурата. Заборавете на шестката, иако сите брзаме, на овој начин правиме повеќе штета отколку добро. Никогаш не ги мијте со абразиви, само малку загрејте ги на рингла со детергент и тоа е тоа. Постои една поговорка која вели во инокс готви, во емајл чувај. Никако не ја оставајте храната во сад од инокс, затоа што со тоа се пренесуваат тешки метали, предупредува таа.

Тефлонските садови се направени од алуминиум, кој е причината зошто се толку лесни. Она што се тешките метали кај садовите од инокс, тука се за амините, фенолите, фталатите. На пример, при тестирањето на тефлонските садови, тие не треба да ги имаат овие соединенија, и доколку ги има, мора да бидат во траги. Тие се многу штетни, а ограничувањата се уште поголеми. Ако ставите празен сад на висока температура, може да го оштети. Исто така, не се препорачува да се мие во машина. Ако имате било какви оштетувања, со вилушка, нож или било какво оштетување, телефонските лушпи можат да влезат во храната.

Производителот тврди дека оваа маса е толку отпорна што таа нема да реагира во организмот, но подобро е да не ризикувате. Сите овие слоеви не се разградливи. Важно е да ја нема ознаката PFOA, тогаш тоа е добра обвивка, односно треба на садот да пишува PFOA free, затоа што тоа соединение е канцерогено.

Силиконски модли – стабилни се до 220 степени, флексибилни и многу популарни. Сепак, мора да се придржувате строго до упатствата, во никој случај да не се пече на повисоки температури од препорачаните.

Што се однесува до чашите и чиниите, керамиката е природен и здрав материјал. Порцеланот, исто така. Печен е на висока температура и така е здрав. Ако се појави какво било оштетување, не е штетно.

Пластика

Што се однесува до пластика, не заборавајте да ја погледнете етикетата. Секоја од нив има број – 2, 4 и 5 се добри. Бисфенол А е многу непријатна супстанција, овие соединенија се замена за хормони, синтетички естроген. Ако го внесете, тие прават дар-мар во организмот и влијаат на дебелината, стерилитетот и нервниот систем. Сите грешиме кај шишињата со вода, производителот тука се оградил самиот и напишал дека е тоа пластика за еднократна употреба па почитувајте го тоа.

Пластични садови за сладолед, ние обично ги миеме и потоа ставаме во нив храна, но тоа не е препорачливо – ова се пластични садови за еднократна употреба. Безбедно е да се користи само пластика која ја има ознаката BPA FREE , но таа е малку поскапа.

Она што ни се случува често – Ако пластичен сад е оштетен со нож, вилушка, фрлете го во истата секунда! Во тој случај не го чувајте, тие лушпи можат да влезат во организмот. Уште една важна работа, оваа пластика е растворлива во алкохол и не препорачувам никако алкохол во пластика, само стакло.

Фото: Pixabey