Хорор торти и колачи: човечко срце, мозок, отсечени стапала…

Британката Сара Харди ги претвора вашите најголеми кошмари во вкусни колачи. Човечки мозок и црева, црви и сирови мисирки за Денот на благодарноста, тортите и колачите на оваа британска пекарка која студирала уметност, не личат на ниту едни други.

0
228

Додека другите деца сакале да си играат со кукли, британската уметница и пекарка, Сара Харди, на осум години сакала да „се плетка со коски“. Денес таа живее во Лондон и е мајка на две деца која создава слатки задоволства кои изгледаат како реквизити од хорор филмови.

Работата на Сара се граничи со морбидно. Како дете, Сара таа секогаш била заинтересирана за човечката анатомија и органи, интерес што останал со неа и во нејзините денови како студент по уметност. Дури и како уметник кој работи со глина, восок и друг материјал што не може да се јаде, Сара признава дека нејзините скулптури биле секогаш „малку морничави“.

Но, да се стане пекар специјализиран за ‘крвави’ десерти не ѝ било секогаш во план. „Првично, само се обидував да направам убави свадбени торти за да можам да заработам пари додека децата беа мали“, изјавила Сара за News18.

Но, кога започнала да им пече слатки на своите деца, се отворило ново царство на можности. Денес нејзина примарна професија е создавањето морбидни слатки за деца и за возрасни! Мозок, срце, отсечени нозе, чоколадни прсти, црви, црева и други неверојатни нешта, се дел од она што може да се најде во онлајн продавницата за слатки, The Edible Museum, на Сара Харди.

Еве дел од нив, а како изгледа целиот процес на подготовка на една од овие необични торти, погледнете во видеото подолу.

Фото: Инстаграм, Фејсбук