Храна за сите: Продавница во која намирниците чинат колку што можете да ги платите

Оваа продавница во Торонто, Канада, работи според принципот - донирај колку можеш и земи колку што ти е потребно за денешниот ден. Исто така, ако не можеш воопшто, не плаќаш ништо. Храната доаѓа од магацините за храна, од фарми, ресторани, кафулиња, супермаркети и пекари, не е со истечен рок или расипано, но компаниите се ослободуваат од неа од причина што таа нема толку совршен изглед.

0
525

Вчера, по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за загубите и отпадот на храна, нашите политичари порачаа дека е крајно време да се размисли на оваа тема. А додека ние размислуваме, светот прави. Едно од алтернативните решенија е на пример она на шеф Џегер Гордон кој пред две години во Торонто, Канада, отворил продавница која функционира според принципот: Pay-What-You-Can.

На Гордон му се смачило да гледа како храната се фрла во ѓубре додека луѓето одат гладни, па решил да отвори продавница во која намирниците немаат ознаки за цени. Тоа е затоа што сè во оваа продавница од 1.100 квадратни метри чини толку колку што можете да платите.

Клиентите го земаат она што им е потребно и даваат толку пари колку што можат, или не даваат ништо, ако не можат да платат. Сопственикот на продавницата вели дека клиентите се ограничени на толку намирници колку што му е потребно на семејството за тој ден, такашто продавницата ќе може да нахрани што е можно повеќе луѓе, или луѓето можат да се регистрираат за да добиваат кутија со спакувана храна која ќе ја подготвуваат по рецептите што ги добиваат со нив на двонеделна основа.

Храната доаѓа од магацините за храна, од фарми, ресторани, кафулиња, супермаркети и пекари. Ништо од тоа не е со истечен рок или расипано, но компаниите се ослободуваат од нив од причини што производите немаат толку совршен изглед.

„Нема ништо лошо во производите што ги добиваме; некои продавници само наложуваат дека храната не може да седи подолго од четири или шест месеци на полиците. На пример, тука имаме храна за домашни миленици што има уште шест месеци до оптималниот датум на свежина“, вели шеф Гордон кој е и основач на иницијативата Feed It Forward.

Гордон експериментира со намалување на отпадот од храна според споменатиот модел „плаќате колку што можете“.
Концептот зад продавницата покажува како Канаѓаните можат да ја користат храната што инаку завршува во депониите.

Во продавницата работат волонтери кои ги охрабруваат луѓето секој ден да земаат само толку колку што им е потребно за оброците што сакаат да ги зготват тој ден, а честопати добиваат и совети и рецепти за тоа како да подготват одредени намирници.

Всушност, тие работат според принципот, донирај колку можеш и земи колку што ти е потребно за денешниот ден.

Inside a Pay-What-You-Can Grocery Store

This chef was sick of seeing food wind up in the garbage while people were going hungry, so he opened a pay-what-you-can grocery store.

VICE 发布于 2020年4月13日周一

Фото: Feeditforward.ca