Храна што ќе ја забрза циркулацијата и ќе го спречи дебелеењето

Лошата циркулација може да предизвика вишок килограми, високи нивоа на маснотии во крвта и многу хронични заболувања, а ако сакате да ја подобрите циркулацијата, јадете многу сина риба, житарки, бобинки и агруми, но и рузмарин, цимет и ѓумбир.

0
274

Циркулацијата на крвта во телото, е клуч за животот. Овозможува пренос на кислород и хранливи материи до сите ткива, со што ги храни сите клетки на телото и им овозможува да се ослободат од отпадните производи. Се додека циркулаторниот мрежен систем е балансиран, целиот организам функционира во оптимални граници, правилно ги извршува своите задачи.

Меѓутоа, модерниот начин на живот придружен со продолжено седење, несоодветна исхрана и пушење, прекумерна потрошувачка на алкохол и изложеност на стрес неизбежно ја влошува циркулацијата на крвта во телото. Вишокот тежина, зголеменото ниво на маснотии во крвта и слабо контролираните хронични заболувања придонесуваат за слаба циркулација во телото.

Гинко билоба

Бројни студии на оваа тема дадоа научна потврда за оправданоста на неговата употреба во третманот на срцеви и белодробни заболувања и укажаа на позитивниот ефект на Гинко билоба врз мозокот.

Вредноста на Гинко лежи во неговата способност да ја стимулира циркулацијата во мозокот и екстремитетите.

Со зголемување на протокот на крв, Гинко билобата последователно има позитивен ефект врз целиот васкуларен систем и помага да се обезбедат хранливи материи за мозокот, очите, ушите и срцевиот мускул.

Меѓу лековитите растенија, пријатели на циркулацијата, најголемото признание, без сомнение, ѝ припаѓа токму на Гинко билобата. Други билки кои можат да бидат корисни вклучуваат див костен, масло од еукалиптус и бел глог.

Симптоми на слаба циркулација

Проблемите со циркулацијата се развиваат постепено, па честопати во најраната фаза болеста не се забележува.

Првите симптоми се грчеви и замор на нозете и стапалата за време на физичка активност.

По паузата, болката поминува, но се враќа во прва прилика. Потоа следуваат симптоми кои веќе укажуваат на напредна фаза на болеста, како што се оток на нозете, здодевна болка во листовите, студени стапала, промена на бојата на кожата до синкава или виолетова, и чести рани на кожата кои не зараснуваат.

Неопходно е да се реагира на појавата на симптомите што е можно поскоро, бидејќи многу често на лекување се пристапува кога е болеста во веќе развиена форма и постои висок ризик дека е предоцна да се излечи.

Исхраната и циркулацијата

Бидејќи неправилната исхрана е во основата на циркулаторните нарушувања, самата логика диктира дека урамнотежената исхрана е најдобриот начин да се постигне оптимална циркулација.

Пријател на циркулацијата е исхраната базирана на цели зрна, овошје и зеленчук.

Секако, пожелно е, во контекст на маснотиите, да се ограничи внесот на храна од животинско потекло, богата со заситени масни киселини, и да се даде предност на внесот на мононезаситени (маслиново масло) и полинезаситени масни киселини.

Покрај тоа, докажано е дека соодветниот внес на омега-3 масни киселини ја стимулира циркулацијата, затоа не заборавајте да консумирате риба, особено сина риба.

Во прилог на општите совети, постојат голем број на намирници и хранливи материи кои ја стимулираат циркулацијата и како такви можат да бидат драгоцена помош во борбата против ова вообичаено нарушување.

Покрај соодветната храна, природата крие уште неколку „трикови во ракавот“ кои помагаат при тешка циркулација. Ова се однесува пред се на зачини како што се рузмарин, ким, цимет и ѓумбир, но и лековити растенија кои со векови се познати сојузници во борбата против слабата циркулација.

Задолжително мени

Ако страдате од нарушувања на циркулацијата, задолжително вклучете во вашето мени:

лук – го намалува нивото на холестерол и ризикот од атеросклероза, го регулира крвниот притисок
кромид – го зголемува протокот на крв
екстра девствено маслиново масло
црвено вино
бобинки – богати со биофлавоноиди кои ги зајакнуваат sидовите на крвните садови, особено капиларите
агруми – богати со витамин Ц кој ги зајакнува sидовите на крвните садови
домати и лубеница – богати со ликопен кој спречува формирање на плак на sидовите на крвните садови
семки од тиква – богати со витамин Е кој го спречува слепувањето на крвните клетки
јаткасти плодови – богати со ниацин и содржат корисни омега – 3 масни киселини (особено оревите).

Фото: Unsplash