Цецини колачи

Денеска е 1 Март, денот за Цецини колачи... Никогаш не дознавме зошто се викаат токму така, ама логично би било името да доаѓа оттаму што рецептот бил од некоја госпоѓа Цеца. Како и да е....

0
287

Што се однесува до нас, овие колачи се познати и како колачите на мама. Одлична замена се за вообичаени роденденски торти. Многу се вкусни, а можете да ги направите и многу лесно и брзо.

Состојки:

За тестото:

4 јајца

2 филџани брашно

1 филџан шеќер

1 ванилин шеќер

2 филџани масло или растопен путер

1 филџан млеко

2 филџани мелени ореви

1 прашок за пециво

За филот:

200 мл млеко

200 г црно чоколадо

По желба, шлаг за украсување

Приготвување:

Се матат јајцата и шеќерот, а потоа им се додаваат и останатите состојки. Изматената смеса се истура во подмачкан и набрашнет плех. Се пече на 220°С околу 25 минути. Откако ќе се олади, од добиениот пандишпан со чаша се вадат тркалца, а тестото помеѓу нив се собира, се дроби со рака и се чува за филот.

Филот се прави такашто млекото, шеќерот и чоколадите се варат на тивок оган додека смесата не се изедначи. Во неа се додаваат здробените остатоци од пандишпанот и се филуваат тортичките. По желба се украсуваат со шлаг.