Цинкот и селенот се пресудни во борбата против болестите и вирусите

Најефективната подготовка на организмот за борба против инфекции и болести е избалансирана исхрана која се состои од голем број витамини и минерали, во комбинација со факторите на здрав начин на живот, како што се адекватно спиење, вежбање и избегнување на стресни ситуации.

0
465

Имунитетот е способност на нашето тело да се спротивстави и да се одбрани од вируси, бактерии, габи, токсини, со еден збор, од болести. Имунитетот може да биде вроден (наследен) и стекнат, што зависи од начинот на живот и различните околности што нè опкружуваат.

Како да се зајакне имунитетот со правилна исхрана? Свежата, здрава храна е клучна за одржување на здрав и силен имунолошки систем. Јадете многу овошје и зеленчук, протеини со малку маснотии, цели зрна и пијте многу вода.

Пробиотичката храна содржи живи корисни бактерии, а пребиотичката содржи влакна и олигосахариди кои ги хранат и ги одржуваат здравите колонии на тие бактерии.

Пробиотичка храна: кефир, јогурт со живи активни култури, ферментиран зеленчук, кисела зелка, комбуха чај.

Општо правило е да се јаде овошје, зеленчук, грав и цели зрна за прехранбени пробиотици.

Витаминот Ц обезбедува нормален метаболизам и производство на енергија, нормална функција на имунолошкиот систем, придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста и има антиоксидативно дејство. Витаминот Ц е еден од најважните стимулатори на имунитетот такашто делува на неутрофилите, кои се први во одбраната од вирусите.

Храна богата со витамин Ц се агруми, пиперки (особено зелена пиперка), јагоди, прокељ, диња.
Познат како витамин од сончево зрачење, тој е еден од најважните и најмоќните хранливи материи за поддршка на имунолошкиот систем.

Најголемиот извор на витамин Д е сончевата светлина. Така произведениот витамин Д се задржува во организмот најмалку двапати подолго од оној што се внесува орално. Природни извори на витамин Д се масло од дроб на бакалар, риба (сардини, лосос, туна, бакалар, харинга), говедски црн дроб, путер, жолчки, житарки, сирења, печурки, млеко и млечни производи. Сината риба содржи големи количини на витамин Д.

Цинк

Цинкот е олигоминерал кој ги стимулира неутрофилите и НК клетките кои се борат против вирусни инфекции. Има значајна улога во зајакнувањето на имунитетот, може да помогне да се намали зачестеноста на инфекциите, како и на нивното времетраење. Недостатокот на цинк доведува до задоцнет развој, намален апетит, бавно заздравување на раните, подложност на инфекции.

Природни извори на цинк се: црвеното месо, житарките, спанаќот, семките од тиква, пивскиот квасец. Цинкот се апсорбира само 10% од храната, такашто може да се земат предвид суплементи доколку постоела склоност кон инфекции.

Селен

Ова е клучна хранлива состојка за имунолошката функција, а исто така е антиоксиданс кој помага во зајакнување на одбраната на организмот од бактерии, вируси и клетки на рак. Ова особено може да помогне во заштита од одредени видови на вирус на грип.
Намирници што содржат селен се: Бразилските ореви – еден од најдобрите извори на селен. Порција бразилски ореви (една рака) се препорачува само неколку пати неделно за да се избегне предозирањето со селен. Извори на селен се рибата и морските плодови (туна, сардини, остриги, школки, морски плодови, ракчиња, лосос и ракови), немасно свинско, говедско, мисиркино и пилешко.

* Луѓето кои не можат да консумираат месо поради здравствени проблеми, треба да се придржуваат на лекарските препораки.

Мед и прополис

Медот и прополисот имаат антиинфламаторно дејство кај инфекции на горниот респираторен тракт. Покрај тоа, медот може да го заштити вашиот имунолошки систем и да го зајакне имунолошкиот одговор.

Фото: Pixabay