Црниот пипер ги топи масните наслаги

Црниот пипер најдобро ја задржува својата арома и најефикасни се неговите придобивки ако се чува во зрна и како таков се користи или се меле директно за време на готвењето.

0
153

Овој скромен додаток на јадењата и најчестиот зачин со солта, го додаваме во храната како и обично за да го подобриме нејзиниот вкус, но неговата улога не завршува тука, туку ја добива својата вистинска улога во дигестивниот систем.

Имено, неговиот остар вкус испраќа сигнал дека е време за активирање, а истовремено ги елиминира симптомите на мачнина и губење на апетитот. Црниот пипер има улога во подобрување на работата на дигестивниот систем преку стимулирање на ензимите за варење и лачење на желудочни сокови и забрзување на минувањето на храната низ дигестивниот систем.

Покрај неговите антиоксидантни и антиинфламаторни својства, уште една од неговите придобивки е што го држи холестеролот под контрола и ги убива маснотиите благодарение на неговата способност да го зголеми производството на хлороводородна киселина во стомакот.

Оваа киселина е одговорна за распаѓање на маснотиите, и делува како спасител од надуеност со намалување на гасовите од гастроинтестиналниот тракт.

Црниот пипер најдобро ја задржува својата арома ако се чува во зрна и како таков се користи или се меле директно за време на готвењето. Најароматичниот вид е оној со зелена боја, кој се повеќе се користи во препаратите за отстранување на целулитот благодарение на етеричните масла кои топат длабоки маснотии.

Совети:

1. Со цел максимално да ги искористите придобивките од пиперот, купете цели зрна и мелница па пред консумирње запиперете ги салатите, варивата и супите, поттикнете го варењето и топењето на тврдоглавите масти.
2. Освен во јадењата, препорачливо е да додадете пипер во здрави пијалаци од овошје и зеленчук. Доволни се само неколку смелени зрна за да направите многу за метаболизмот и распаѓањето на маснотиите.

Фото: Pexels