Чај од лист од смоква против дијабетес и срцеви заболувања

Листот од смоква има антиканцерогени и антидијабетични својства, благодарение на што може да се користи за регулирање на нивото на инсулин и холестерол во крвта и да помогне во спречување на дијабетес и намалување на инсулинската резистенција.

0
372

На луѓето кои веќе имаат дијабетес им се препорачува да пијат чај од лист од смоква, бидејќи некои научници веруваат дека на овој начин може дури и целосно да се излечат.

Исто така, овие лисја се добри за регулирање на нивото на триглицериди, односно, на маснотиите во организмот. Триглицеридите се клучни за нормалното функционирање на голем број органи во телото, но ако се складираат во ткивата, можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми – зголемување на ризикот од срцеви заболувања и дебелина.

Со лисјата од смоква можете да спречите дури и чирови – само треба да џвакате еден лист секое утро.

Покрај сите горенаведени, оваа навика ќе ви помогне и да ја регулирате вашата тежина.

Подготовка на чај:

Загрејте 250 мл вода до вриење и додадете 3-4 лисја од смоква. Оставете го да врие 15 минути, а потоа тргнете го од оган.

Пијте барем една шолја од овој чај секој ден.

Фото: Pixabay