Честит ден на готвачите од чии креации ни играат пеперутки во стомакот

Иако тоа обично го велат кога станува збор за љубовта, на многумина од нас им играат пеперутките во стомакот и од погледот на некоја убаво стокмена порција со храна. За ова се заслужни вештите готвачи на кои денес им го честитаме нивниот празник - меѓународниот ден на готвачите.

0
102

Секоја година на 20 октомври, готвачите и кулинарските експерти од целиот свет го слават својот ден, светскиот ден на готвачите.

Една од најсложените и незаменливи професии во светот е професијата готвач. Секој ја знае важноста на здрава и вкусна храна во исто време. И само мајстори во оваа област можат со инспирација да создадат корисни кулинарски креации, комбинирајќи ги најнеочекуваните компоненти.

Меѓународниот ден на готвачите датира од 2004 година, кога Светската асоцијација на готвачи (WACS) одлучи да го прогласи овој ден за светски ден посветен на оваа професија која е денес повеќе од дипломатијата, па готвачите можат да бидат најдобриот, но и најлошиот амбасадор на една земја.

За среќа, македонските готвачи досега секогаш ја претставувале нашата гастрономска култура и традиција во најдобро светло. Затоа денес им го честитаме денот и им оддаваме признание за многу важната улога што ја играат во секојдневниот живот.

Иако тоа обично го велат кога станува збор за љубовта, на многумина од нас им играат пеперутките во стомакот и од погледот на некоја убаво стокмена порција со храна.

Фото: Pexels/Pixabay