Чизкејк за почетници

Најлесниот рецепт за чизкејк кој не се пече, а секој може да си го направи сам, во својата чаша

0
121

Состојки за 1 поголема чаша:

2-3 бисквити по ваш избор

1 лажичка растопен путер

50 г маскарпоне

50 мл павлака

1 лажица шеќер во прав (ако не сакате да е многу слатко, изоставете го шеќерот)

1 лажица џем од зрнесто овошје

свежи малини или боровници за украсување

Приготвување:

Здробeте ги бисквитите и измешајте ги со стопениот путер.

Притиснете ја добиената мешавина на дното од чашата.

Помешајте ги павлаката и шеќерот (ако ставате шеќер) и додадете го маскарпонето.

Ставете половина од кремот врз подлогата од бисквит. Ставете лажица џем врз кремот, а потоа и остатокот од кремот. Украсете со свежи малини или боровници.

Ставете го во фрижидер добро да се излади пред да го сервирате.

Фото: Pixabey