Чоколаден колач за ‘брза помош’

Oва е уште еден од оние брзи колачи - измешај, испечи и послужи, но секогаш со поинакви состојки, овојпат, со брашно од овесни снегулки, какао, рогач и ореви

0
173

Колачите како овој се прават кога под итно ви се јаде нешто благо. Сите состојки се мешаат во еден сад, се истураат во друг за печење, се печат и се сервираат, а се прават со тоа што ви се наоѓа дома, по ваш избор.

Ова е нашиот избор:

Состојки:

1 шолја бело брашно

1 шолја брашно од овесни снегулки

1 прашок за пециво

3 лажици какао

2 лажици рогач

70 г грубо истолчени ореви

2 лажици мед

100 г шеќер

1 ванилин шеќер

4 јајца

200 мл јогурт

100 г стопен путер

100 мл маслиново масло

За прелив:

100 г црно чоколадо

малку путер и малку млеко

Понатаму знаете, јајцата се матат со шеќерот, се додаваат течните состојки, а потоа и сувите, се меша, се истура во подмачкана и набрашнета тепсија и се пече половина час на 200 степени.

Кога ќе се излади се сече на парчиња, а потоа се прелива.