Чорба од цвекло – здрава бомба за зимските денови

Се вели дека цвеклото може да го поправи поголемиот дел од она што е расипано во организмот. Фактот дека оваа коренеста билка е исклучително здрава и многу богата со калциум, железо и витамин А, го прави цвеклото најдобриот природен лек за подобро здравје.

0
554

Кога размислувате да направите супа, сигурно имате на ум, топло, здраво јадење што ќе ве загрее и ќе ве засити. Супата е идеално јадење за студените зимски денови, па уште и ако ја направите од здрави состојки, да речеме од цвекло, бидете сигурни дека ја правите вистинската работа за здравјето на вашето тело.

Се вели дека цвеклото може да го поправи поголемиот дел од она што е расипано во организмот. Фактот дека оваа коренеста билка е исклучително здрава и многу богата со калциум, железо и витамин А, го прави цвеклото најдобриот природен лек за подобро здравје. Црвената боја потекнува од антоцијанот кој влијае на обновување на крвта, додека растението како целина делува и антиканцерогено.

Иако е кај нас вообичаено да консумираме само корени од цвекло, експертите тврдат дека е корисно во текот на целата година. Малку е познато дека листовите од цвекло можат да се приготуваат како спанаќот. Сепак, без оглед на фактот дека целото растение е јадливо, само коренот, кој се бере во есен е лековит и се чува во умерено топли простории, за да не замрзне. Ако се чува правилно, во свежината на цвеклото може да се ужива до следното лето.

Оваа ултимативна владетелка на зеленчукот, агрегатор на најголем број на витамини и минерали, сè повеќе си наоѓа место во ренданите салати, заедно со морковите и јаболката во сокови и смуди, во чорби, и како важен дел од слатките и колачите. Може да се зема во неограничени количини без страв од какви било негативни последици.

Прочитајте денес каков рецепт најдовме за вашата здрава чорба од цвекло. Оваа количина на состојки е доволна за шест лица, а потребни ви се 70 минути за да подготвите сè.

Состојки:

1 кг цвекло

1 литар вода

лажичка масло

1 кромид

Прстофат мајчина душица

Лажица сушени билки по вкус

Сол, црн пипер по вкус

Свеж копар за декорација

Приготвување:

Ставете го цвеклото во тенџере да се вари без да го лупите, за да ги зачува сите витамини и минерали. Во друг сад проварете го исечканиот кромид со мајчината душица. Кога цвеклото ќе омекне, излупете го и изблендирајте го заедно со кромидот.

Истурете ја смесата, зачинете со сол, додадете го сувиот зачин од билки и ставете го да се вари уште десетина минути. Тргнете од оган и пред самото послужување ставете црн пипер и поросете со исечкан копар.

Сервирајте топло или во комбинација со павлака.

Фото: Pixabey