Чуваркуќа здравје чува

е исклучително растение кое се користи во народната медицина поради своите антиинфламаторни и диуретични својства и може да се примени во форма на сок, облоги, масти, тинктури или чаеви.

0
402

Чуваркуќа е лековито растение кое треба да го има секое домаќинство, особено затоа што и убаво изгледа, а и не бара многу внимание односно, често поливање. Се чува исто како и кактусите, а поднесува најразлични временски услови.

Оваа билка е многу популарна во алтернативната медицина, во својот природен облик, но и како сок, облоги, масти, тинктури и чај.

Според народната медицина, треба да ја избегнуваат трудниците и доилките.

Има слично дејство како онаа на алое верата, која е познат смирувач на кожни иритации. Може да се користи како облога врз иритираното место или да се мачка од нејзиниот сок.

Сокот од чуваркуќа содржи полисахариди и антибактериски соединенија. Се верува дека помага кај нервни нарушувања, цревни паразити, бронхитис, воспаленија во усната шуплина, на забите, увото и грлото. Се препорачува да го пијат луѓе кои боледуваат од карцином. Доволна е доза во чашка за ракија еднаш дневно или да се изедат неколку листови.

Чуваркуќа со мед се препорачува за лекување на миоми, цисти и проблеми со штитната жлезда. Потребни се 300 грама листови кои ќе ги смелите и ќе ги измешате со 500 г мед. Оставете да отстои неколку дена. Консумирајте лажичка од смесата на празен стомак и после тоа не јадете ништо 2 часа. Оваа смеса го забрзува метаболизмот и го чисти организмот од токсини.

Подготовка на чај:

2 ситно исечкани листови од чувар куќа прелијте со 2дл врела вода и оставете го  да отстои 2 часа. Потоа се цеди и се пие по 1/4 чаша пред јадење 3 до 4 пати во текот на денот.

Фото: Pixabay