Шарлота од јаболки-колач за кој секогаш ги имате сите состојки

Оваа брза торта ќе биде подготвена за печење за само неколку минути, а убавата арома на цимет и јаболка ќе се рашири низ вашиот дом.

0
1196

Ако ви се брза и немате време да одите во самопослуга а вашите гости се најавиле дека доаѓаат или само сакате нешто брзо и слатко за себе и за своите најблиски – не мора да барате повеќе – италијанската шарлота со јаболка е еден од оние колачи за кои речиси секогаш ги имате дома сите состојки.

Состојки:

500 грама јаболка (излупени и исечени на дебелина од еден сантиметар)

180 грама просеано брашно

1/2 прашок за пецивож

2 јајца (само жолчките)

130 мл млеко

1 лимон

50 грама путер

100 грама шеќер

1 ванилин шеќер

прстофат сол

Приготвување:

Откако ќе ги излупите и исечете јаболката истурете врз нив сок од лимон.

Во сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Во друг сад, изматете заедно две жолчки од јајца, шеќер и ванилин шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи, додадете половина (25 грама) стопен путер и млеко. Кога смесата ќе се соедини почнете да ја додавате смесата од првиот сад и полека изматете ја за да се соединат сите состојки.

Земете тркалезен калап за печење, ставете хартија за печење и премачкајте со путер. Истурете ја смесата и израмнете ја. Земете јаболка и парче по парче, во уреден редослед, поставете ги врз тестото. Растопете го преостанатиот путер (25 грама) и додадете 1 лажичка шеќер во него. Истурете врз наредените јаболка. Печете на 185 степени околу 30 минути. Откако ќе се извади испечената Шарлота, почекајте малку да се олади.

Исечете и поросете со шеќер во прав и / или цимет. Можете исто така да додадете и шлаг.

Фото: Pixabey