Шест намирници што секојдневно ги консумираат најдолговечните луѓе

Некои видови намирници што се јадат во оние области во светот во кои живеат најмногу стогодишници, ги има и кај нас па ништо не не спречува и ние да ги вклучиме во нашето мени.

0
337

Веројатно веќе сте чуле за сините зони. Ова се четирите области во светот со најмногу стогодишници – Сардинија, Окинава, Лома Линда и Никоја. Сепак, некои видови намирници што се јадат таму растат и кај нас па ништо не не спречува и ние да ги вклучиме во нашето мени.

Јачмен

Јачменот е богат со манган, селен, влакна и бакар. Го зачувува здравјето на цревата, го намалува холестеролот, го чисти организмот и го зајакнува имунитетот.

Може да се подготви на многу начини, од кои најпознати се јачменовата каша и грав со јачмен.

Боб

Фава гравот познат како боб е кралот меѓу останатите видови грав, а неговиот вкус е многу посладок и побогат. Тој долго време бил непопуларна храна, храна за сиромашни, но денес се почесто се наоѓа на менијата на реномирани ресторани.

Тоа е грав кој е богат со хранливи материи, одличен извор е на витамини од групата Б и растителни влакна, содржи природен естроген кој помага хормоните да се доведат во рамнотежа и L-DOPA аминокиселина од која се создава допамин, а го чува невролошкото и менталното здравје. Во кулинарството најценет е младиот боб.

Вино

Виното традиционално се прави во нашите краишта, а домашното црвено вино е исклучително добро за здравјето, секако, во умерени количини. Старите имаат навика да пијат чаша вино по ручекот и би било добро сите да го правиме тоа.

Црвеното вино е богато со антиоксиданти, особено со ресвератрол, кој е исклучително силен. Ако не сакате вино, кога е сезона, уживајте во грозјето.

Келераба

Келерабата му припаѓа на истото семејство на кое му припаѓаат и брокулата, кељот, зелката и прокељот. Ова се зеленчуци кои се исклучително добри за здравјето. Келерабата е силен антиоксиданс и се верува дека има антиканцерогени својства.

Богата е со витамини Ц и А и растителни влакна. Може да се јаде сирова (има сладок вкус), но и варена.

Компири

„Компирите се одличен извор на многу витамини и минерали, вклучително и витамин Б6, кој игра важна улога во изградбата на клетките, атлетската издржливост, регулацијата на крвниот притисок, кардиоваскуларното здравје и функционирањето на нервниот систем“, вели американската диететичарка Малина Малкани за „Well and Good“.

Домати

Доматите се богати со фитонутриенти како каротеноиди и ликопен, кои го зачувуваат кардиоваскуларното здравје, ги штитат клетките од оксидативен стрес и им помагаат на мажите да го одржат здравјето на простатата.

Поздрави се варени отколку сирови.

Фото: Pexels