Шкотски чоколадни кекси

Најдовме одличен рецепт за кекси кои можете да ги направите уште вечерва и да имате со што да уживате во кафето цел викенд

0
234

За разлика од повеќето други видови, шкотските бисквити се сечат откако ќе се испечат. Тестото се меси, се пече, а потоа се сече.

Шкотските бисквити се состојат од путер, шеќер, брашно и какао. Не содржат јајца, па не ви е неопходен ниту миксер за да ги подготвите. Готовите бисквити поросете ги со шеќер во прав.

Шкотски чоколадни бисквити

Состојки:

250 г путер на собна температура
80 г кафеав шеќер
80 г шеќер
малку сол
300 г брашно
45 г какао во прав
1 лажица вода

Приготвување:

Ставете ги во сад состојките и на крајот додадете лажица вода и сè добро измешајте со раце.
Завиткајте го тестото во фолија и оставете го во фрижидер еден час.

Вклучете ја рерната на 180 степени.

Тестото развлечете го помеѓу две парчиња хартија за печење, на дебелина од 1,5 цм.
Пренесете го тестото со долната хартија за печење во доволно голем плех.
Печете 35-40 минути. Исечете правоаголници од тестото веднаш штом ќе го извадите од рерна.
Бисквитите поросете ги со шеќер во прав.

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.