Што да правите ако среде готвење сфатите дека ви снемало јајца?

„Кога ќе ми снема јајца, мојата омилена замена е минерална вода“, вели готвачката Ребека Стринд од Чикаго

0
208

При подготовка на многу јадења, главна состојка се јајцата или дел од нив, како жолчка или белка. Но, што да направите ако за некој рецепт ви требаат јајца, ги немате дома, а продавниците не работат?

Во такви ситуации, добро е да знаете дека постојат намирници со кои можете да ги замените. Готвачката Ребека Стринд од „Conagra Brands“ е еден од најпознатите шефови во Чикаго.

„Кога ќе ми снема јајца, мојата омилена замена е минерална вода. Количина од една четвртина чаша минерална вода ќе замени едно јајце. Водата со вкус и сода исто така можат да помогнат, но поради аромите, тие ќе влијаат на вкусот на храната што ја подготвувате“, вели Стринд.

Таа, исто така, советувала и други намирници, како јогурт, сос од јаболка, конзервирана тиква или пасирани банани, а тие на јадењето ќе му додадат и нутритивни вредности.

„Ако немате ништо од тоа дома, можете да земете две лажички прашок за пециво наместо едно јајце“, рекла Стринд.

Фото: Pixabey