Што е поздраво – карфиол или брокула?

Ако имате на ум слабеење или јадење оброк со малку јаглени хидрати, нема подобар избор од карфиолот. Меѓутоа, ако сакате да внесете повеќе различни витамини и минерали во вашата исхрана, брокулата може да го засени карфиолот.

0
175

Корисно е да се вклучат и карфиолот и брокулата во исхраната. Тие имаат малку калории и многу витамини и минерали. Содржината на влакна и витамин Ц во овој  коренест зеленчук е поголема отколку во останатите. Влакната помагаат во варењето и ги отстрануваат токсините од телото, а витаминот Ц е добар во борбата против инфекциите, зајакнување на имунитетот, поттикнување на зараснувањето на раните и придонесува за сјај на кожата.

Шолја сиров карфиол содржи 27 калории, 5,5 грама јаглени хидрати, 2 грама влакна и 2 грама протеини. Една шолја сирова брокула има 31 калорија, 6 грама јаглени хидрати, 2,5 грама влакна и 2,5 грама протеини. Брокулата содржи поголема доза на витамини Ц и К, додека карфиолот има повисоко ниво на витамини Б5 и Б6.

Карфиолот е омилен меѓу вегетаријанците, како и луѓето кои се на кето диета. Бројот на рецепти за јадења подготвени од карфио се повеќе се зголемува. Меѓу другото, карфиолот ја замени класичната кора од пица направена од тесто.

Антиоксидансите во карфиолот помагаат при регенерација на клетките, го забавуваат стареењето и ги отстрануваат слободните радикали од телото.

Брокулата содржи соединение сулфорафан, кое го намалува воспалението, нивото на шеќер во крвта, а исто така е добро и за здравјето на очите. Слично на тоа, карфиолот содржи и силни и моќни антиоксиданти кои имаат способност да ја чистат и зајакнуваат функцијата на клетките.
Карфиолот и брокулата имаат бројни придобивки за здравјето на срцето. Докажано е дека луѓето кои јадат повеќе коренест зеленчук имаат помал ризик од инфекција или развој на срцеви компликации, пишува Times of India.

Карфиолот и брокулата обезбедуваат рамнотежа на добрите бактерии во дигестивниот тракт. Големата содржина на влакна исто така ги намалува дигестивните проблеми и помага во намалување на нивото на холестерол и контрола на дијабетес тип 2.

Што е поздраво? Карфиол или брокула?

Тешко е да се одреди кој зеленчук е подобар избор. И двата имаат хранливи и корисни додатоци на вашата исхрана.

Одговорот на поставеното прашање главно зависи од вашите цели и преференции. На пример, ако имате на ум слабеење или јадење оброк со малку јаглени хидрати, нема подобар избор од карфиолот. Меѓутоа, ако сакате да внесете повеќе различни витамини и минерали во вашата исхрана, брокулата може да го засени карфиолот.

Фото: Pexels