Што е поздраво – печени или варени костени?

Омилените есенски плодови даваат многу енергија, специфични се по тоа што се богати со калории, немаат многу масти и се единствениот јаткаст плод што е богат со витамин Ц.

0
488

Едвај можеме да ја замислиме есента без мирисот на печени костени на улица. Печени, варени, во колачи или само како костен-пире со шлаг или без него, љубителите на овој популарен јаткаст плод тешко можат да се одлучат кој е нивниот омилен начин за консумирање на оваа намирница.

Но, дали некогаш сте се запрашале што е поздраво – печени или варени костени? За да го извлечете најдоброто од нив, треба да го знаете ова.

Костенот е јаткасто овошје, а специфичен е по тоа што е богат со калории, нема многу масти и е единствениот јаткаст плод што е богат со витамин Ц.

Неговата хранлива вредност е висока заради големото количество скроб што го има повеќе отколку во компирот, а неговиот удел во плодот на костенот е дури 44 проценти. Ова значи дека ќе ни даде многу енергија, но без да ја нарушиме линијата. Покрај тоа, тој е одличен сојузник против лошиот холестерол и има докажани антиинфламаторни својства.

Костенот е богат со витамин А, Б комплекс и Ц, содржи многу фолна киселина и многу минерали. Богат е со калиум и фосфор, а содржи помали дози на калциум, магнезиум, сулфур, хлор, железо, бакар и манган.

Она што е најважно е неговата дебела кора која ги штити сите нутриенти. Но, кога станува збор за дилемата – печење или готвење, точниот одговор е всушност дека треба да јадете и печени и варени костени. Имено, кога се готват, некои витамини испаруваат за време на термичката обработка, додека кога се печени, костените губат малку од минералите.

Фото: Pexels