Што се случува во организмот после три дена глад?

Утре почнуваат Велигденските пости, а оние што одлучиле така, ги почнуваат со таканаречените тримери, што значи дека три дена не јадат ништо. Таквите, во среда (04.03.), по Литургијата, се причестуваат. А еве што се случува во организмот кога не се внесува храна.

0
937

Велигденскиот пост кој трае 7 недели, односно 48 дена, почнува утре (02.03.) денот после Прочка и трае до Велигден. Овој пост се нарекува Четириесетница затоа што по 40 дена од постот, продолжува со последната седмица пред Велигден, поточно со дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Исус Христост и се нарекува Страдална или Страстна седмица.

Првите три дана – тримири (понеделник, вторник и среда), оние кои ќе одлучат така, што значи, не е задолжително за сите, не јадат ништо. А кога ќе видите што се случува во организмот кога три дена не се јаде ништо, навистина е неразбирливо како оние кои се одлучуваат на ваков строг пост, успеваат да функционираат на работа. Затоа што за постење, дефинитивно, нема боледување.

Инаку, Велигденскиот пост е најстрогата форма на постење и подразбира воздржување од мрсна храна и од гревови.

Телесниот пост значи во сите дни воздржување од месо, млеко, јајца и сè што содржи месо, млеко и јајца. Постот е на вода, освен во саботите и неделите и во одредени црковни празници кога е дозволено и масло.

А еве што се случува во организмот кога се гладува.

Шест часа глад не прават ништо лошо. Но подоцна, гладот ​​има сериозни ефекти врз здравјето, бидејќи ги нарушува метаболичките процеси. Што се случува со организмот кога ќе престане да се внесува храна, ни открива едно интересно видео.

Првите шест часа, сè работи нормално и не се осврнува на гладот. Вашето тело започнува да го разложува гликогенот како резерви на „енергија“ на глукоза, која клетките ја користат како гориво. Околу 25% од енергијата генерирана на овој начин ја користи исклучиво мозокот, а остатокот оди на мускулите и црвените крвни клетки.

Меѓутоа, по шест часа глад, овој процес се запира затоа што резервите на гликоген се исцрпуваат. Во оваа фаза, телото влегува во процесот на кетоза, бидејќи мора да разградува масти за да произведе енергија. Мастите се распаѓаат ат во масни киселини кои мозокот не може директно да ги користи, такашто го сигнализира на телото понатаму да ги разложи на кетони. Само 75% од енергијата потребна за функционирање на мозокот може да потекнува од кетоните, што значи дека без глукоза имате послаби когнитивни функции.

После три полни денови на гладување, вие не само што ќе се чувствувате уморни и безволни, туку вашиот мозок ќе почне да ги разложува и мускулите во вашето тело кои многу лесно ќе ги изгубите. Протеините се разложуваат на аминокиселини кои можат да да се претворат во глукоза.

Кај жените кои долго време гладуваат, менструалниот циклус честопати се гаси додека телото се обидува да заштеди енергија. Исто така, се намалува и густината на коските.

После една или две недели гладување, имунолошкиот систем е толку измачен од недостаток на витамини и минерали што многумина умираат поради болест. Инаку, телото продолжува да се троши самото себе сè додека не остане ништо од глукозата, мастите и мускулите и човекот кој гладува умира главно од срцев удар.  Тоа е и најчестиот начин на кој умираат лицата заболени од анорексија.

Гладот може да доведе до смрт веќе во третата недела од гладувањето, а најмногу до 70 дена, што останало забележано во текот на штрајкот со глад на десет ирски републиканци во 1981 година.

Ова интересно видео објаснува низ што сѐ минува организмот за време на гладувањето.

Секако, со ова не мислиме да ги поколебаме оние кои намислиле три дена да гладуваат, туку само да ги предупредиме – не се фаќајте за најтешката работа, не возете и гледајте да не се зафаќате за решавање на најсложените работни задачи.

Фото: Pixabey