Што треба да јадеме на празен стомак, а што не?

Желудникот реагира различно на храната кога е празен. Дури и некои здрави намирници не се здрави за јадење на празен стомак, бидејќи можат да предизвикаат киселини, стомачни проблеми, дијареја и слично.

0
357

Иако веќе сите знаеме дека кафе не е добро да се пие на празен желудник, токму тоа е најчестата грешка што ја прават многумина од нас. Впрочем, со кафето правиме грешка и кога го пиеме веднаш после оброкот.

Освен кафето, на празен стомак не е добро да се јадат и некои други намирници кои се инаку здрави.

Еве што не се препорачува да се јаде на празен стомак

Кафе. Ако пиете кафе на празен стомак, тоа може да ја зголеми киселоста во желудникот и да ја оштети неговата слузница. На некои луѓе им пречи повеќе, на некои помалку, такашто секој случај е индивидуален. И уште една грешка која често ја правим, е да се пие кафе веднаш по оброкот. Во тој случај кафето се меша во апсорпцијата на некои минерали, на пр. калциум и железо. Затоа се препорачува да пиете кафе само околу 2 часа по оброкот.

Домат. Јадењето на домати на празен стомак може да ја зголеми киселината во желудникот поради танинската киселина што ја содржат. Ова го зголемува ризикот од чир на желудник.

Агруми. Портокали, лимони и други кисели плодови можат да предизвикаат проблеми кај луѓето кои веќе имаат проблеми со желудникот, киселини или воспаление на хранопроводот.

Газирани пијалоци. Газираните пијалоци, без разлика дали се со шеќер или не (минерална вода) на празен стомак може да ја оштетат слузокожата на желудникот и да доведат до намалено снабдување на желудникот со крв.

Зашеќерени пијалоци. Кога се земаат на празен стомак, зашеќерените пијалоци (вклучувајќи и свежо цеден сок), тие многу брзо го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, поради што го зголемуваат гладот ​​и желбата за храна воопшто. Подобро е да ги консумирате после јадење.

Лути зачини. (на пр. ѓумбир, црн пипер, итн.). На празен стомак, тие можат силно да го стимулираат лачењето на желудочната киселина и да ја оштетат слузницата на желудникот.

Јогурт. Ако пиете јогурт на празен стомак, концентрираната стомачна киселина ќе ги уништи пробиотските лактобацили што ги содржи, па тешко дека ќе имате корист од нив.

Што можете да јадете на празен стомак?

Јајца. Истражувањата покажуваат дека јадењето јајца за појадок го намалува вкупниот внес на калории во текот на денот. Тие се добри и варени и пржени, но во некое поздраво масло – на пр. маслиново или масло од кокос.

Овесна каша. Овесната каша создава заштитна обвивка на слузницата на желудникот и на тој начин ги штити sидовите на желудникот од можната штета што може да настане од вишок хлороводородна киселина.

Јаткасто овошје, ореви, лешници, бадеми и др. Тие го намалуваат ризикот од чиреви бидејќи ја нормализираат pH вредноста на желудникот. Исто така прават да се чувствувате сити подолго. Затоа се одлични како закуски, кога сте гладни и не сте во можност да земете целосен оброк.

Хељда. Кашата од хељда е добра на празен стомак и за појадок, бидејќи го подобрува варењето на храната, а богата е со протеини, железо и витамини.

Качамак. Качамакот придонесува за регулирање на микрофлората и добро се поднесува на празен стомак.

Боровинки. Боровинките прилично добро се толерираат на празен стомак и се добри за појадок. Тие го стимулираат метаболизмот, придонесуваат за здравјето на мозокот (за подобрување на меморијата) и за регулирање на крвниот притисок.

Лубеница. Лубеницата е добра за јадење на празен стомак, и за појадок, бидејќи има многу вода и минерали (телото е малку дехидрирано наутро). Исто така, содржи ликопен, што е добро за нивото на шеќер во срцето, кожата и крвта.

Мед. Иако е и тоа индивидуално, во принцип, медот може да се поднесе на празен стомак – придонесува за подобра функција на цревата, за подобро варење и е добар за имунитет и има антивирусно и антибактериско дејство.

Фото: Pixabay