Што треба да јадете, а што не, ако ви се покачени д-димерите?

Последниве месеци сите станавме експерти за корона. И ако до вчера немавме поим што се тоа д-димери, сега, ако ви кажат дека не ви го направиле ова испитување додека сте на контрола за ковид-19, ви се крева косата на главата: Што? Нема резултати за д-димери? Што ќе правам сега???

0
5083

Покрај веќе добро познатите вообичаени симптоми на инфекцијата со овој коронавирус, кај некои пациенти се појавува и формирање на згрутчувања во крвта. Сè уште нема доволно податоци околу тоа колку се зачестени згрутчувањата во крвта кај лицата со умерени симптоми на Ковид-19 и сè уште останува нејасно зошто кај некои пациенти се развиваат овие згрутчувања на крвта кои се потенцијален ризик за различни компликации. затоа, дел од пакетот истражувања кои ќе ви го направат ако имате ковид-19, е и испитувањето на д-димери. Тоа се користи кога е потребно да се исклучи присуство на тромб при различни пореметувања, како и за проценка на повторно формирање на тромб.

Последниве месеци сите станавме експерти за корона. И ако до вчера немавме поим што се тоа д-димери, сега, ако ви кажат дека не ви го направиле ова испитување додека сте на контрола за ковид-19, ви се крева косата на главата: Што? Нема резултати за д-димери? Што ќе правам сега???

Најчесто докторите на сите им препорачуваат секојдневно да земаат по еден Аспирин 100, а покрај ова, секако, треба да се обрне внимание и на исхраната, особено ако вашите д-димери тргнале да се покачуваат.

Имено, храната може да биде лек, но и предизвикувач на згрутчувања во крвта (тромбоза) па затоа е важно што, како и колку се јаде.

Особено е важно да не се прескокнуваат оброците, особено појадокот, бидејќи истражувањето покажало дека луѓето кои го прават тоа имаат до двапати поголема веројатност да формираат тромб. Обидете се да го направите вашето мени што е можно поразновидно и да ја исфрлите брзата храна бидејќи е богата со транс масти, кои ги има и во месните производи, но и во индустриски обработените слатки.

Треба да се избегнуваат и јајца, путер, масни сирења и премногу масни специјалитети, бидејќи нездравите масти можат да го забават протокот на крв и да предизвикаат лепење на тромбоцитите, што значи дека тие полесно можат да се спојат со работ на крвните садови. Од друга страна, големи количини сол исто така можат да влијаат на формирање на тромб, исто како и преработената храна богата со едноставни јаглехидрати кои брзо го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, што со текот на времето може да предизвика оштетување на крвните садови. Кога подготвувате оброк, избегнувајте животински масти и пржење храна, па наместо тоа, динстајте ја или варете ја, а за печење користете хартија наместо алуминиумска фолија за печење.

Треба да се избегнува свинско, јагнешко и говедско месо – кои освен што се помрсни од живинското месо, содржат цинк кој, иако е вреден за одржување на општата здравствена состојба, може да го поттикне згрутчувањето на крвта. Живината може да ја зачините со мешавина од индиско кари, кое содржи куркума, која е ефикасен сојузник во борбата против тромбозата.

Избегнувајте храна богата со витамин К, бидејќи го стимулира згрутчувањето на крвта и им ја отежнува работата на лековите. Затоа, намалете го внесот на зелен лиснат зеленчук, како ке кељ, спанаќ и зелена салата, и не јадете многу банани. Пробиотиците можат да ја поттикнат апсорпцијата на витамин К, затоа треба да се држите настрана од млечни производи, како што се кефир и јогурт. Покрај тоа, овие производи содржат калциум, кој исто така поттикнува згрутчување на крвта.

Витаминот Е може да спречи згрутчување на крвта, затоа оревите секогаш треба да ви бидат при рака. Освен што се богати со овој витамин, оревите, лешниците и бадемите се богати и со скапоцени масни киселини, кои спречуваат згрутчување на крвта и можат да помогнат во растворање на тромбот. Сепак, консумирајте ги умерено, бидејќи јаткастите плодови се богати со калории. Витаминот Е се наоѓа и во цели зрна, во леќа, но исто така и во ладно цедени растителни масла, како што се маслиновото и кокосовото. Покрај тоа што спречуваат згрутчување, тие можат да помогнат во регулирање на крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта. Рибата е исто така богата со здрави масни киселини кои го зачуваат кардиоваскуларниот систем, затоа освежете го вашето дневно мени со харинга, скуша, пастрмка или туна.
Ако не внесувате доволно течности, може да предизвикате формирање на тромб. Имено, дехидрацијата доведува до зголемување на густината на крвта, што може да биде предизвикувач за формирање на тромб. Затоа е важно да пиете најмалку шест до осум чаши вода на ден. Ако не сте сигурни дали пиете доволно течности, проверете ја бојата на урината – ако е светла или целосно чиста, сè е во ред. Ако е темна, вашето тело ве моли за течност. Покрај вода, свежо исцеден сок од овошје и зеленчук е добар избор, бидејќи тие, меѓу другото, се богати и со витамин Ц, кој исто така спречува коагулација на крвта. Особено се препорачува сок од лимон, кој ги зајакнува крвните садови и спречува нивно оштетување. Од друга страна, треба редовно да пиете и незасладен чај, а најефикасен е зелениот, особено во комбинација со сок од лимон.

Иако е познато дека алкохолот може да влијае на разредување на крвта, тој не треба да се пие во големи количини, бидејќи може да предизвика дехидрираност и да му наштети на здравјето. На мажите не им се препорачува повеќе од два алкохолни пијалоци на ден, додека дамите треба да престанат после првиот. Сепак, една чаша црвено вино од време на време може да биде корисна не само во борбата против тромбозата, туку и за одржување на општото здравје. Имено, црвеното вино содржи ресвератрол, кој покрај тоа што спречува создавање на тромб, го намалува крвниот притисок, го зачувува здравјето на срцето и крвните садови и помага во борбата против воспаленијата и спречува Алцхајмерова болест. Секако, ресвератролот се наоѓа и во црното грозје, кое исто така треба да биде вклучено во исхраната, а добри извори се какаото, црното чоколадо и кикириките.

За да се спречи згрутчување на крвта, лекарите обично препорачуваат аспирин, лек направен од кора од врба, што е всушност ацетилсалицилна киселина. Наместо овој лек, можете да внесете салицилати во вашето тело преку исхраната. Ги има во портокалите, грозјето, крушите и некои бобинки, особено во јагодите, боровинките и брусницата, а медот и сокот од јаболко се исто така богати со нив. Кога станува збор за билки, истражувањата покажаа дека за тромбозата се најефикасни нането, копарот, ориганото, мајчината душица и куркумата. Ѓумбирот е исто така многу ефикасен, но не треба да се користи заедно со антикоагулантни лекови, додека љубителите на луто можат слободно да уживаат во пиперките, кои покрај тоа што ја запираат тромбозата, го намалуваат крвниот притисок и ја подобруваат циркулацијата.

За разлика од другите корисни зачини кои содржат салицилати, циметот е богат со кумарин, кој делува како моќен антикоагуланс, а истовремено го штити целиот кардиоваскуларен систем. Покрај тоа, циметот штити од рак, има антиинфламаторно дејство и помага во борбата против бактериски инфекции. Особено се препорачува за дијабетичари, бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта. Сепак, додека прстофат цимет во слатки може да има корисен ефект, големи количини на тој зачин, според некои истражувања, може да го влошат здравјето на црниот дроб.

Покрај намалувањето на крвниот притисок, лукот е познат и како одличен лек против тромбоза. Можете да го додадете во вашите специјалитети, а најефикасен е ако се готви со домати. Може да го јадете и сиров, најдобро смачкан, а за да го неутрализирате непријатниот мирис, се препорачува да се џвака магдонос кој иако содржи витамин К, мала доза нема да ви наштети. Покрај лукот, во борбата против згрутчувањето на крвта, добар сојузник е и кромидот кој не само што го поттикнува нивното распаѓање, туку и спречува формирање на нови тромби. Кромид би требало да јадат особено луѓе кои не можат да ѝ одолеат на мрсната храна, бидејќи може донекаде да го неутрализира штетниот ефект на маснотиите врз крвните садови.

И не се секирајте, ако имате корона, веројатно сте или сами и изолирани и немате чувство за вкус и за мирис, или сте со другите членови од семејството кои се во истата состојба па не ви треба ниту магдонос, ниту бутур. Не ви треба ништо, ниту ќе си смрдите себеси ниту на другите, а за вашето здравје, лукот и кромидот се непроценливи.

Фото: Pixabay