Што јадел Никола Тесла?

Еден од најплодните и најкреативните умови што некогаш ги имало човештвото најчесто пиел вода и млеко, а секојдневно пиел и по мала количина виски. Јадел два пати дневно, најмногу сакал да јаде компири, никогаш не се прејадувал и бил физички активен. Општо е познато дека ретко спиел, евентуално, по 1 час и на секои неколку месеци - од 4 до 5 часа.

0
1517

Сите се сложуваат дека Никола Тесла е еден од најплодните и најкреативни духови кои човештвото некогаш ги имало. Иако знаеме дека дел од енергијата чувал со пмош на својот аскетски, асексуален и повлечен начин на живот, сепак останува восхитот пред острината на духот на генијалниот научник и во годинте на длабока старост.

Дел од одговорите на прашањата за состојбата на умот и телото кои достигнале натчовечко ниво на способности и свежина, наоѓаме во интервјуто со тогаш 77.годишниот Никола Тесла кое го дал во 1933. Година.

Теска верувал дека во животот е најбитен почетокот, во смисол дека е важно оние најбитни навики да ги стекне во раната младост.

„Состојбата на нашето тело и ум во старост е целосно сведоштво за тоа како сме ја поминале младоста. Тајната на мојата сила и виталност денес лежи во фактот дека, како млад човек, како што велам, живеев живот без порок “, рекол Никола Тесла.

Тој смета дека луѓето сами си го поплочуваат патот до смртта и на многу начини влијаат на својата продуктивност, главно, негативно. Помеѓу останатото, и со лошата исхрана. Еве како Никола Тесла размислувал за навиките поврзани со исхраната.

„Пред сѐ, ние јадеме премногу, но тоа сме го слушнале многу пати досега. И јадеме погрешен вид храна и пиеме погрешен вид течности. Најмногу штета нанесува прејадувањето и физичката неактивност што создава токсична состојба во организмот и го оневозможува отстранувањето на акумулираните отрови “, сметал славниот научник.

Тесла пиел многу вода и млеко и се грижел за својот стомак. Кои биле главните состојки на неговата исхрана?

„Зошто да го оптовариме телото што ни служи? Јадам два пати на ден и ги избегнувам сите намирници што предизвикуваат киселина. Повеќето луѓе јадат премногу мешунки кои содржат уринска киселина. Иако рибиното месо е добро за мозокот, тоа создава многу силна кисела реакција поради големата количина на фосфор. Киселоста на организмот е нашиот најголем непријател во староста“.

Во уште едно интервју од 1935.година, тој потврдил дека избегнува месо.

„Ги избегнувам сите стимуланси. Речиси целосно го избегнувам месото. Уверен сум дека за помалку од едно столетие  кафето, чајот и цигарите ќе излезат од мода. Сепак, алкохолот ќе биде и понатаму во употреба“, предвидувал Тесла (Никола Тесла е познат по тоа што речиси секојдневно пиел по малку виски).

Исто така, Тесла бил и голем поборник на компирите.

„Компирот е одличен и би требало секојдневно да се јаде. Тој содржи скапоцени минерални соли и има неутрализирачко својство“.

Тесла е познат и како голем поборник на вежбањето.

„Верувам дека е потребно многу вежбање. Јас одам осум до 10 милји секој ден и никогаш не земам такси или друг превоз кога имам време да ја користам моќта на нозете. Исто така, секој ден се бањам во топла купка, а потоа долго се туширам со ладна вода“.

Тесла ги знаел и тајните на стародревната наука за јогата и добар дел од својот живот правел некои од јога вежбите.

Дека Никола Тесла вежбал пранајама или јогиско длабоко дишење, потврдува неговиот пријател и биограф Џон О ’Нил во книгата„ Неповторлив генијалец – животот на Никола Тесла “, објавена во 1944 година:

„Тој откри дека во текот на животот имал некои чудни искуства секогаш кога дишел длабоко. Секогаш кога дишеше длабоко, го обземало чувство на леснотија, како телото да ја изгубило тежина и може да лета низ воздухот само со силата на неговата волја.

Неговиот строг дневен режим кулминира во навиката за спиење која се коси со предупредувањата на докторите и здравствените организации за неопходноста да се спие осум часа секој ден.

„Спиење? Јас ретко спијам. Потекнувам од семејство на долговечни луѓе кои се познати по тоа што не спијат многу. Се надевам дека ќе го достигнам рекордот на моите предци и ќе живеам барем 100 години. Неспиењето не ме загрижува. Понекогаш спијам еден час. Повремено, на секои неколку месеци, спијам од 4 до 5 часа. Тогаш се будам целосно наполнет со енергија, како батерија. После таква ноќ, ништо не може да ме спречи. Тогаш чувствувам огромна сила. Нема сомнение дека сонот е обновувач, давател на живот, дека ја зголемува енергијата. Од друга страна, не верувам дека е неопходно за нечие здравје, особено ако станува збор за некој кој по навика спие малку“, објаснил славниот научник.

На 77 години, Тесла зборувал вака:

„Имам вистинско сведоштво за моето здравје. Не сум се чувствувал подобро никогаш во мојот живот. Јас сум енергичен, силен, со целосна контрола врз својот ментален склоп. Дури и во моите најдобри години, јас не ја поседував енергијата што ја поседувам денес. И уште поважно, користам само дел од енергијата што ја имам за да се реши проблемот, затоа што научив како да ја чувам. Наспроти раширеното верување, работата станува полесна во староста ако луѓето се во добра здравствена состојба. Тие со текот на годините научиле како да ја достигнат целта користејќи го најкраткиот пат“, заклучил Тесла во далечната 1933.година.

Фото: Pixabey