Јаболки со шлафрок и шлафрок без јаболки

Јаболките во шлафрок се оној познат брз десерт кој сигурно ви го правеле и вашата баба или мајка, но ако некогаш немате доволно јаболки за да ја искористите цела смеса (шлафрокот што сте го подготвиле), можете да направите и вака

0
114

Оние брзи десерти кои ние ги викаме и ‘слатки за прва помош’, се обично едноставни, вкусни, а состојките за нив речиси сите секогаш веќе ги имаме дома.

Но ако некогаш и немате толку јаболки колку што мислевте дека имате, а сте почнале да ги правте старите добри јаболки во шлафрок, не очајувајте и не го фрлајте вишокот од смесата, поточно, од шлафрокот што сте го подготвиле. Облечете во шлафрок толку јаболка колку што имате, а остатокот нека биде шлафрок без јаболка, но прелиен со стопено црно чоколадо и сечкани оревчиња. Така ќе имате два вида десерти со само еден ‘удар’.

Потребни состојки за шлафрок:

2 дцл млеко (или кисела вода)

6-7 големи лажици брашно

1 јајце

1 ванилин шеќер

по желба: 1 лажичка рум и кора од лимон

прстофат сол

Од состојките се прави смеса како за палачинки, но погуста.

Ставете ги во сад јајцата, солта, шеќерот, брашното, млекото (или кисела вода), па изматете ги со миксер за да добиете смеса без грутки.

Излупете ги јаболката, исечете ги на кругови со дебелина од 1 сантиметар и исчистете ги од семки. Ќе добиете форма на прстен.

Загрејте масло на оган, па јаболките кои сте ги обложиле со смесата пржете ги од двете страни. Пржените јаболка ставете ги на салфетка за да се впие вишокот на маснотија. Потоа послужете ги на чинија за сервирање и поросете ги со шеќер во прав, мед, оревчиња, цимет или нешто друго по ваша желба.

Ако немате доволно јаболки, остатокот од смесата истурете го на крајот во загреан зејтин и испржете го во неправилна форма, како палачинка. Одозгора прелејте го со стопено црно чоколадо, оревчиња или нешто друго по ваш избор. Одлично оди во комбинација со мандарина.