Јагоди во сендвич? Зошто да не

Сакаме јагоди во пити, торти, брзи десерти или едноставно попрскани со малку шеќер. Тие се исто толку слатки и во сендвич со малку сирење.

0
79

Започнете го денот со сендвич со сирење (бри или некое друго), јагоди, малку кора од лимон и оцет балсамико и крцкава кора премачкана со путер од кокос. Подготовката ќе трае десет минути, а количината е доволна за шест мини сендвичи.

Ако сакате, додадете си босилек или нане во вашиот сендвич.

Состојки:

6 парчиња леб

3-4 лажици путер од кокос

100 г свежи јагоди

1 лажичка маслиново масло

½ лажичка оцет балсамико

Малку кора од лимон

150 г рендано сирење

Сол, црн пипер

Приготвување:

Премачкајте го лебот со путер од кокос од едната страна. Таа страна ќе дојде во директен контакт со тавата и ќе се запече. Во мал сад, измешајте ги ситно исечените јагоди, босилек, маслиново масло и оцет балсамико. Додадете кора од лимон, сол и црн пипер. На кришка леб ставете од сирењето и јагодите, покријте ги со друго парче леб и печете ги неколку минути од секоја страна.

Фото: Pixabey