Јаготка на шлагот, а калинка на салатата

Понекогаш богата салата е подобра од кој било ручек, особено ако на крајот додадете и зрнца од калинка

0
99

Ако не знаете што да правите за ручек, а ви се јаде нешто свежо и брзо, направете си својата варијанта на една обилна салата која може да ви го замени ручекот.

Па уште ако имате и едно 40 минутки за да сматите една проја, кој е како вас.

Зелена салата, свежа краставица, црвена ротквица, вкусен стар кашкавал, ако сте љубители, можете да додадете и малку мевце, домашно чадено, можете да ставите и малку брусница или суво грозје, ама најважно и најдобро од се во случајов е да ставите зрнца од калинка.

Секако, зачинете со маслиново масло и сок од лимон или оцет по ваш избор. Одлично оди токму со оној од модри сливи.