Јадете лешници, ама не ја фрлајте ни кората

Ако на вашето мени се најде барем една рака лешници, нема да мора да се грижите за високиот притисок или за холестеролот

0
323
Фото: Pexels

Според нутриционистите, ако консумирате барем една рака лешници на ден, нема да мора да размислувате за високиот крвен притисок или лошиот холестерол во крвта, бидејќи тоа јаткасто овошје може да биде одлична алтернатива.

Лешникот помага при жолтица, проширени вени, пневмонија, а се препорачува и за лекување низок крвен притисок, дијареа и хемороиди.

Ги штити крвните садови

Лешниците имаат благотворно и лековито дејство врз човечкото тело. Одредени елементи во составот на лешниците позитивно делуваат на крвните садови, го штитат срцевиот мускул и го намалуваат крвниот притисок. Тенката кора на површината на овошјето содржи полифеноли кои се совршена превенција од срцев удар, но и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и ангина пекторис.

Лековит чај

Во народната медицина, кората од лешник се користи за правење чај во кој се натопуваат облози за отворени рани предизвикани од проширени вени на нозете. Чајот е добар и како лек за дијареа, а се користи и за лекување на хемороиди.

Нутритивни својства

Покрај оревите, енергетски најбогата храна се и лешниците. Плодот содржи 60 отсто масло, 15 отсто протеини, 10 отсто јаглени хидрати, 4 мг железо, калиум, калциум, витамини Б и Е. Јаткастите плодови содржат моќни антиоксиданти како што е фитинската киселина. Го штити телото од воспалителни процеси и може да го намали ризикот од рак на дебелото црево. Фитостеролите се неопходни за превенција од рак на дојка и простата. Лешникот е богат со аргинин кој го спречува растот на туморот и го зајакнува имунитетот.

Антиоксидантни својства

Лешниците се богати со антиоксиданти, соединенија кои ги штитат нашите клетки од оксидативен стрес предизвикан од слободните радикали. Најзастапени се фенолните соединенија ко имаат докажан ефект врз намалување на холестеролот и воспалителните процеси во телото. Исто така тие имаат позитивен ефект врз здравјето на срцето. Треба да се напомене дека најголемиот дел од антиоксидантите се застапени во тенката лушпа на плодот, па евентуалното печење на плодот би можел да го намали нивното количество.

Корисна масажа

Масажата со масло од лешник се покажала како исклучително корисна за децата кои имаат проблеми со дишните органи. Поради својата позитивна особина да ги филтрира штетните УВА зраци, често се користи во козметиката за заштита од сонце.