Јадете мандарини? Јадете ги секој ден!

Додека трае сезоната на мандарини, се препорачува ова овошје да се јаде често, бидејќи е богато со витамин Ц, го штити имунитетот за време на студената сезона, ни помага да ја одржиме витката линија...

0
1556

Има повеќе причини поради кои треба максимално да ја искористите сезоната на  мандарините, односно, да ги јадете секој ден.

Тие се богати со витамин Ц, го штитат имунитетот за време на студената сезона и ни помагаат да ја одржиме витката линија. Да не споменуваме колку се вкусни и полесни за лупење од портокалите.

1. Мандарини за витка линија

Како идеална храна за зајакнување на имунитетот и за витка линија, се препорачува и мандарината, која по состав е слична на портокалите: богата е со витамини Ц и А, фолна киселина и калиум, а има и витамини од групата Б, магнезиум, цинк, бакар и железо.

2. Го намалува лошиот холестерол

Истражувањата покажаа дека кората од мандарина содржи хранливи материи кои го намалуваат „лошиот холестерол“.

3. Спречува дебелеење

Хранливите материи скриени во мандарините спречуваат дебелина, нудат заштита од дијабетес тип 2 и атеросклероза. Ова се болести кои се одговорни за појавата на срцеви, но и мозочни удари.

4. Идеални за подготовка на оброци

Мандарината е храна што можете да ја користите во разни јадења, особено во свежи овошни салати. Можете да користите сок од мандарина во подготовка на јадења со тестенини, како и при подготовка на колачи. Исто така, можете да користите сок од мандарина и во подготовката на јадења со пилешко или риба.

5. Може да се нанесува и на кожата

Со мандарина може да направите и маска за лице за поздрава и посјајна кожа. Земете 4 парчиња мандарина, извадете ги семките и измешајте ги во блендер со лажица јогурт и лажица мед. Нанесете на лицето и вратот и оставете да делува 10 до 20 минути. Измијте го лицето добро, а маската можете да ја користите двапати неделно ако имате мрсна кожа и еднаш неделно ако имате сува и нормална кожа.

6. Го подобрува расположението

Верувале или не, мандарините можат да го подобрат вашето расположение. Мирисот на мандарина помага при стрес и депресија. Ако имате лош ден и сакате да се чувствувате порелаксирано, пробајте со мандарини!

7. Потешките мандарини се подобри

Кога купувате мандарини, изберете ги потешките бидејќи тие содржат повеќе вода и сок. За да избегнете губење на вредни хранливи материи, чувајте ги мандарините подалеку од директна светлина. Консумирајте ги во рок од седум дена по купувањето.

Фото: Pixabay