Јапонците имаат најмала смртност од корона поради еден додаток во исхраната

Најновите статистички податоци покажуваат дека има само 18 мртви на милион жители во земјата на изгрејсонцето, а многумина веруваат дека тајната лежи во едно моќно соединение - јодот.

0
1000

Пандемијата на коронавирусот не стивнува, но смртноста варира во голема мера од земја до земја, а Јапонија покажува апсолутно најдобри резултати. Најновите статистички податоци покажуваат дека има само 18 мртви на милион жители во земјата на изгрејсонцето, а многумина веруваат дека тајната лежи во едно моќно соединение – јод.
Овие резултати се во согласност и со истражувањето на Националниот реума центар во Холандија, предводен од д-р Р.Х. Верхесен, што покажало дека внесувањето на оптимални количини на јод има значително влијание врз стапката на смртност кај најстарата популација, заразена со ковид 19 .

Во исто време, д-р Гери Ворен, главен истражувач на компанијата SAIC, во својот труд „Внес на јод за намалување на заразата и смртноста од ковид 19“, објавено во публикацијата Reserch Gate, наведува дека дневното внесување на максимално препорачани количини на јод доведува до апоптоза – клеточна смрт на клетките заразени со коронавирус, спречувајќи го понатамошното ширење.

И бидејќи Јапонците се меѓу нациите со најголем внес на јод, што е и тајната на нивната долговечност, заклучокот е јасен.

Дневно внесување од 1,5 до 2,4 милиграми по лице (во зависност од телесната тежина) ја зголемува подготвеноста на организмот да се бори против ковид 19, а со самото тоа значително се намалува и можноста за пренесување и смртност од ковид 19.

Јодот најмногу се наоѓа во алгите, морските риби и кујнската сол.

Значи, наместо да креваме паника, треба да бидеме одговорни и да работиме на превенција и зајакнување на имунитетот.

Фото: Pixabay