Јаткастите плодови како превенција од рак на панкреас

Научниците од Медицинското училиште Харвард откриле дека конзумирањето јаткасти плодови го намалува ризикот од рак на панкреас кај жените.

0
113

Студијата на научниците од Медицинското училиште Харвард покажало дека земањето порции од 28 грама јаткасто овошје најмалку двапати неделно го намалува ризикот од рак. Не се земени предвид бројни фактори на ризик што можат да доведат до рак, како што се возраста, висината, дебелината, пушењето, дијабетесот и начинот на исхрана.
Во истражувањето се користени податоци од 75.680 жени, а истражувачите ги испитале нивните навики во врска со консумирањето на јаткасти плодови, како што се лешници, ореви, ф’стаци и бадеми.

Освен што имаат помал ризик од развој на рак, луѓето кои често јадат јаткасти плодови, имаат и помала тежина, покажало истражувањето.

Фото: Pexels